Линкови за пристапност

Како Џон Ленон стана синоним за ДАКА?


Како Џон Ленон стана симбол на ДАКА
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Адвокатот Мајкл Вајлдс (Michael Wildes), во интервју за Гласот на Америка, го открива најпознатиот имиграционен случај во САД, и за можните последици од депортација на речиси еден милион лица

Џон Ленон од Битлси стана синоним за речиси еден милион имигранти во САД, кои денес се во опасност да бидат депортирани, како дел од Програмата за одложено пристигнување деца, позната како ДАКА.

Неговата борба против администрацијата на Никсон во 1972-та година, со цел да се спаси од депортација, го претставува најпознатиот имиграционен случај во САД, врз основа на кој претседателот Барак Обама во 2012-та година ја воведува програмата ДАКА.

Се` почнало од оваа адвокатска канцеларија во Њујорк - Лион Валјдс (Leon Wildes) тогаш адвокат на Џон Ленон, и неговиот син Мајкл Вајлдс (Michael Wildes) кој денес е најпознатиот застапник и поборник за заштита на овие лица.

„Оваа земја ја развивале имигранти и треба да ја почитуваме различноста“, рече Мајкл Вајлдс (Michael Wildes), кој е познат уште и како адвокат на славните.

Сведок за тоа се фотографиите од музичари, спортисти и политичари, кои поминале низ оваа канцеларија - Џон Бон Џови, Јоко Оно, Џо Кокер, Грег Норман, Лајонел Ричи, Хилари Клинтон, Барак Обама, Меланија Трамп.

Мајкл Валјдс (Michael Wildes) имал можност да работи за претседателот Доналд Трамп. На прашањето дали се согласува со неговата одлука да ја укине програмата ДАКА, Вајлдс (Wildes) вели:

„Апсолутно не. Имате 900.000 лица, млади деца, полициски офицери, судии, студенти по право, кои немаат друго место каде да одат. Дури и само закана за нивно отстранување од САД е многу бедно“, вели тој.

Смета дека шест месеци е доволно време Конгресот да ја промени програмата.

„Овие лица нема каде да одат и треба да им биде дадено правото да останат тука. Претседателот ги става во опасност. Сега бара Конгресот да се справи со ова. Моето лично верување е дека на крај, претседателот ќе ја направи вистинската работа“, рече Вајлдс (Wildes).

На прашањето кои се последиците од можно депортирање на овие лица, Вајлдс (Wildes) одговара:

„Има листа на лица кои треба да бидат депортирани, и точно се знае каде живеат. Но, овој претседател има можност неговото наследство да биде запаметено поинаку. До Конгресот е да го направи вистинското нешто, но, ако тој тоа не го направи, дали претседателот ќе го направи? Мојот инстинкт ми кажува дека ќе направи“, убеден е Вајлдс (Wildes).

Тој го коментира и можното укинување на програмата Лотарија за зелена карта.

„Лотаријата беше дизајнирана да обезбеди различност на содржина од други држави. Нема доволно луѓе кои доаѓат од Непал, Швајцарија и Нов Зеланд. Ако го остраните и промените целиот имиграционен систем, тогаш укинете и ја Лотаријата, но, да одземете само еден дел, кој всушност го компензира системот, е кратковидост“, смета Вајлдс (Wildes).

Тој ги повика политичарите во Вашингтон компетентно да зборуваат за имиграцијата, и статусот на овие лица да го регулираат со закон, со цел Америка да остане златен експеримент за вдомување странски државјани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG