Кипарските крајбрежни резерви на гас и односот со Турција беа аспектите што добија подлабок поглед на дебатата за институционалните, политички, стратешки и економски предизвици на кипарското претседателствување со ЕУ наредните шест месеци.
Професорот Ван Куфудакис од Универзитетот во Никозија ја обвини Турција дека го минира кипарскиот мандат бидејќи одбива да соработува.
Да се биде на чело на ЕУ е голем предизвик за земја како Кипар, но истовремено и голема можност, рече министерот за економски и финансиски прашања во делегацијата на ЕУ во САД, Антонио де Лесија.
Новинарот - стручњак за енергетски прашања Бил Лавлес изнесе податок на Американското геолошко друштво дека источниот дел на Медитеранот крие 500 трилиони кубни стапки на природен гас и 8 милијарди барели нафта.
Поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Вокер, сега на чело на Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс, мисли дека пред Кипар е голема задача да обезбеди лидерство среде финансиките потешкотии во Европа и дека мора да биде подготвен на евентуална соработка со Турција во однос на ситуацијата во Сирија.
Амбасадорот на Кипар во САД Павлос Анастасијадес, реагирајќи на новинарско прашање, негираше дека Македонија не е меѓу земјите наведени како кандидати за проширување на Унијата во кипарските приоритети и рече дека ја поддржува европската перспектива на земјата, истакнувајќи го решението на името како услов.
Амбасадорот Вокер, пак, акцентираше дека била пропуштена шанса за решавање на спорот што се јавила по одлуката на Меѓународниот суд на правдата.
„За жал, најверојатно поради вниманието што го одзеде европската криза, заморувањето од проширувањето, земјите поединечно не сакаа да го додадат ова на другите прашања што требаше да се решат, така што никој не презеде водство. Мислам дека сега сме вратени назад во истата динамика во која бевме од 2008-ма - наваму“, рече Вокер.
На прашањето на Гласот на Америка - што конкретно планира да направи Кипар околу прашањето за името додека е на чело на Унијата, амбасадорот Анастасијадес коментираше: „Добрососедските односи се примарна консидерација за продолжување на перспективите за пристапување. Зависи од проценувањето на развојот што оваа земја-кандидат ќе го направи, напредувањето на различни полиња, меѓу кои односите со соседните земји и разрешувањето на прашањето со името. Во тој однос, внимателно ќе ги следиме состојбите и ќе постапуваме како чесен брокер и заеднички глас на земјите-членки“.