Петгодишна студија изведена од американскиот национален институт за рак го споредила конвенционалното снимање на белите дробови со рентгенски зраци што дава една слика со Си-Ти скенирањето, на група од над 53 илјади тешки пушачи и поранешни пушачи во 33 центри во САД. Меѓу 2002-та и 2004-та истражувачите следеле учесници меѓу 55 и 74 години возраст кои или примиле едно рентгенско снимање годишно во три години или за истиот период имале Си-Ти скенирање.
Си-Ти скенирањето на радиолозите им дава тридимензионален приказ на белите дробови, откривајќи потенцијално канцерогени ткива мали како зрно ориз.
Во декември 2009-та истражувачите откриле дека има 20 проценти повисока стапка на преживување кај оние на кои е извршено Си-Ти скенирање. Причината е што почувствителната компјутерска томографија ги открива канцерогените клетки во порана фаза, кога се` уште можат да се третираат.
Но, овој вид снимање не се препорачува за сите тешки пушачи. Една од причините е што овој вид скенирање произведува висока стапка на „лажни позитивни“ резултати, што подоцна се покажува дека биле бенигни појави.
Критичарите велат дека користа од раното скенирање треба да се мери со ризикот од тие лажни позитивни резултати и непотребна радијација.