За прв пат во историјата, муслиманската заедница во Минеаполис ќе го слуша звукот на „Адхан“ - повикот за молитва - преку звучници на отворено во текот на месецот Рамазан, кој започнува во четврток навечер, поради наредбата да се остане дома воведена во Минесота како дел од мерките за бора против пандемијата на коронавирусот.
Повикот ќе стигне до илјадници муслимани кои живеат во близина на џамијата, но и до немуслиманското население во околината
Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј ја објави одлуката во вторникот, откако му дозволи на џамијата Дар Ал-хиџра пет пати дневно да повикува на молитва, користејќи четири звучници поставени пред џамијата.
„Во време кога социјалното дистанцирање бара да се молиме раздвоени еден од друг, должност на сите нас кои сме избрани за лидери во заедницата е да создадеме чувство на заедништво “, рече Фреј за Гласот на Америка.
Градот ја покрена иницијативата откако муслиманската заедница и Советот за американско-исламски односи побараа да се обезбедат услови луѓето да го слушнат повикот, по што ќе се молат дома.
„Ова ќе биде корисно за заедницата и ќе даде чувство на радост и надеж во ова тешко време“, рече градоначалникот. Воедно, тој изрази надеж дека дневниот пренос ќе испрати порака дека неговиот град се грижи за муслиманската заедница во овој период.
Џамијата ја поздрави одлуката и му се заблагодари на градоначалникот на Минеаполис што ѝм овозможи на муслиманите да го слушнат повикот за молитва и со тоа да бидат поврзани со нивната џамија.
„Ова е историски момент. За нас е чест да бидеме првата џамија во САД што ќе го изведе ова, и се надеваме дека другите градови ќе го следат примерот“, рече Шеикот Абдирахман Шариф, имам на џамијата.
Повикот ќе стигне до илјадници муслимани кои живеат во близина на џамијата.
На прашањето како на ова ќе реагира немуслиманското население во околината, градоначалникот вели дека многу различни религии имаат обреди кои на некој начин бараат звук.
Звукот на молитвата треба да ги поврзе оние што се заглавени дома поради КОВИД-19
Шариф рече дека не верува оти јавниот повик за молитва нема да предизвика никакви исламофобични или антиимигрантски чувства кај луѓето од населбите околу џамијата.
„Планот беше поддржан од соседните цркви и веруваме дека кога немуслиманските жители ќе слушнат звук на повик за молитва, тоа ќе ги намали нивната загриженост и стрес против муслиманите“, рече Шариф.
Областа е дом на бројно муслиманско население од Источна Африка, кое се надева дека звукот на молитвата ќе ги поврзе оние што се заглавени дома поради КОВИД-19.
Facebook Forum