Една година откако Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија на ковид-19, ново истражување покажува дека мутацијата на коронавирус откриена во Британија е посмртоносна од другите претходни верзии.
Истражувањето покажува дека луѓето заразени со британскиот сој на коронавирусот имаат меѓу 30 до 100 проценти поголеми шанси да починат, за разлика од оние што се заразени со другите мутации, каде просечната стапка изнесува 64 отсто.
Оваа мутација на вирусот е детектирана во повеќе од 100 држави откако првпат беше регистрирана во југоисточна Британија. Првичните истражувања покажаа дека овој сој е многу позаразен од оригиналната верзија на вирусот.
Facebook Forum