Весникот Вашингтон Пост известува дека американските законодавци и нивни соработници биле на многу патувања во странство финансирани од Кина и други странски држави, и покрај новите етички правила.
Весникот вели дека студија за конгресно положување сметки покажува дека 21 законодавци патувале во странство финанцирани од странски влади во 2011, повеќе од двојно споредено со претходни години. Весникот кажа дека вработени во Конгресот отишле на над 800 бесплатни патувања меѓу 2005 и 2011.
Организаторите велат дека патувањата се важен начин за американските владини вработени да посетат други држави не на сметка на даночните обврзници.
Но весникот нашол дека вработените кои отишле на вакви патувања финансирани од стански влади биле контактирани од лобисти за нациите-домаќини повеќе од 200 пати меѓу 2008 и 2010. Лобистите барале од вработените да разговараат за политика, или за прашања во врска со трговијата и односите со странство.
Примарна дестинација за конгресните вработени била Кина. Повисоки по ранг вработени презеле над 200 патувања во комунистичката држава за шестгодишниот период, додека во Тајван имало уште 100 патувања.
Конгресот ги зајакна правилата за патувања на законодавците и нивните вработени по скандал во 2005-та кој го инволвираше обесчестениот лобист Џек Абрамоф, кој платил за луксузни патувања на неколку законодавци и нивни семејства пред да се произнесе за виновен за проневера и поткупување.
Но критиката вели дека новите правила не се конзистентни. Лобистите не смеат да им купуваат на вработените кај законодавците дури и чаша кафе, но можат да поканат, планираат и да придружуваат лице од Конгресот на патувања што чинат 10 илјади долари и повеќе.