Линкови за пристапност

Последното упориште на конфедерацијата


Последното упориште на конфедерацијата
Последното упориште на конфедерацијата

Пожарникарите на Таун Лајн, Њујорк, се познати како „Последните бунтовници“ заради носењето на конфедеративното знаме на нивните униформи. Ова мало место во близина на канадската граница се одвоило од САД на почетокот на Граѓанската војна во 1861. Еве зошто:

Единствената црква во Таун Лајн, Њујорк, е преполна за настанот. Се одбележуваат 150 години од приклонувањето на овој северен град со југот за време на Граѓанската војна. Мажите се потат во волнени војнички униформи.

Брендон Адкинс има на појасот дури и автентичен борбен меч. Тој на луѓето им вели дека дека е Конфедеративец по раѓање, од државата Њујорк.

„Еден човек ме нарече Јенки. Јас му реков, извини, јас сум од Таун Лајн, јас сум Конфедеративец. Ние сме за конфедерација многу долго време. Отпрвин не веруваше, но откако провери знае дека сме Последните бунтовници.

Многумина од Таун Лајн исто така имаат резерви за приказната, како Реј Бол, локален наставник по историја:

„Многу ме изненади кога прв пат ја слушнав пред десет години“, вели Бол.

Приказната вака оди: граѓаните се собрале во локалното училиште кога избила војната. Тие гласале 80-45 за издвојување од Унијата. Кусо време потоа, Бол вели петмина локалци се упатиле на југ и се приклучиле на Конфедеративната армија.

„Се чинело дека државата буквално се распаѓа. И шавовите пукале многу понасевер отколку што многумина верувале“, вели Бол.

Но локалците се` уште не се сигурни зошто Таун Лајн, само неколку минути оддалечен од Канада, презел таков драматичен чекор. Бол наведува дека жителите го поддржале Абрахам Линколн само една година пред тоа. Тие биле главно германски имигранти, без врски со американскиот југ.

„Тие немале никаква врска со ропството овде. Мора да било нешто друго, зошто гласале така како што гласале“, размислува гласно Бол.

Карен Моко, која раководи со локалното историско друштво, го истражувала ова со години, но не нашла одговор. Но, после Граѓанската војна, одвојувањето на Таун Лајн било заборавено. „Повеќе заради срамот“, вели Моко. „Мора да имало документи на нечиј таван. Или биле уништени Нема имиња. Можеби намерно“.

Животот продолжил. Жителите плаќале федерални даноци и отвориле пошта. Тогаш, во 1946, веднаш по Втората светска војна, локален весник ја изнел приказната.

„Многу млади луѓе се вратиле дома од војната за да најдат дека нивните домови не биле дел од САД – што со право ги налутило“, вели таа.

Се раширила веста, телеграми летале на сите страни, за градот повторно да се присоедини на САД. Претседателот Хари Труманнапишал отворено писмо поттикнувајќи ги жителите да испечат теле на ражен како мировна понуда. Под тој притисок, било закажано гласање.

Назад на прославата на 150-годишнината, луѓето гледаат стар филм на долго мртви роднини кои ставаат гласачки ливчиња во кутија, а потоа го спуштаат конфедеративното бунтовничко знаме кое се вее со мали прекини 85 години.

Пред да заврши ноќта, лице преправено како Абрахам Линколн ја води толпата да рецитира Ветување на Алијансата, како акт на единство, пред црквата. И не е без гордост кога луѓето својот град го нарекуваат „последното упориште на Конфедерацијата“.

XS
SM
MD
LG