Линкови за пристапност

Новинарот на Си-Ен-Ен порача медиумите во Северна Македонија да се борат против лажните вести


Потребно е медиумско образование во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Моќта на лажните вести е особено изразена во држави каде постои цензура и контрола од власта, изјави за Гласот на Америка Брајан Стелтер, водител на емисијата „Веродостојни извори“

Правилно одберете ја темата, проверете ги фактите, бидете етични, фер, искрени и коректив на власта. Овие се основните стандарди на новинарството и тие не е променети, и покрај ширењето лажни вести и злоупотреба на социјалните медиуми, вели Брајан Стелтер, новинар на Си-Ен-Ен и водител на емисијата „Веродостојни извори“.

„Социјалните медиуми отворија врати. Но, исто така мора да бидеме внимателни во што се впуштаме. Во многу ситуации социјалните платформи се користат за ширење дезинформации или таканаречени лажни вести. Овој термин е измислен, а се користи луѓето да бидат доведени во заблуда“, изјави Стелтер.

Тој вели дека моќта на лажните вести е особено изразена во држави како Северна Македонија, каде постои цензура и контрола на медиумите.

Тука, нагласува Стелтер, новинарите мора да се вклучат во борбата против лагите, преку објавување точни и веродостојни информации.

„Сите можеме да бидеме дел од проблемот или дел од решението. Затоа мора да бидеме внимателни кога споделуваме нешто на интернет. Ако споделуваме вести за кои не знаеме дали се точни или не, тогаш стануваме дел од проблемот. Тоа е реалноста кога користиме социјални медиуми“, вели Стелтер.

Според него, лажните вести се дизајнирани да подгреваат тензии, и ги повика граѓаните да не паѓаат во замка.

Затоа, пак, е потребна едукација на јавноста и медиумско образование во училиште, вели Барбара Кокран од Школата за новинарство во Мисури.

Таа била во Северна Македонија во 2016 година, кога Велес стана познат во јавноста како фабрика за лажни вести.

„Мислам дека тоа е голем предизвик. Кога бевме тамуво државата видов поделеност на медиумите по партиска линија, што ја отежнува борбата против лажните вести. Ако медиумите се наклонуваат кон една или друга страна, тешко е да се добие довербата на публиката“, вели Кокран.

Неопходна е еволуција на медиумите во Северна Македонија, смета таа.

„Ако публиката се научи да прави разлика меѓу факти и фикција ќе биде одличен чекор напред“, објаснува Кокран.

Енџи Дробник Холан, уредничка во ПолитиФакт, веб страница која прави проверка на американските вести, вели дека лажните вести ги има во секоја држава, и оти граѓаните мора да бараат докази.

„Секоја држава е потенцијална жртва. Сепак, државите кои имаат силен и независен печат најдобро се справуваат во борбата против лажните информации“, рече Холан.

Таа вели дека македонските граѓани мора да најдат медиуми на кои им веруваат, каде има новинари и уредувачки тим, кои ги пишуваат вестите.

Порача секогаш да се проверува кој а автор на текстот, и дали фотографијата или видеото има потпис.

Овие работи, заклучија сите, и натаму се стандард за вистинско новинарство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG