Линкови за пристапност

Повеќе пари од Светска банка за помош на сиромашните земји поради климатските промени


Без намалување на емисијата на штетни гасови и без адаптација уште од сега, до 20130 година уште 100 милиони луѓе ќе живеат во сиромаштија

Светската банка во понеделникот соопшти дека го удвојува финансирањето наменето за помош на сиромашните нации да се прилагодат на глобалното затоплување. За таа цел се предвидени 200 милијарди долари во текот на пет години.

„Ако не ја намалиме емисијата на штетни гасови и не се адаптираме од сега, до 20130 година ќе имаме уште 100 милиони луѓе кои ќе живеат во сиромаштија“, изјави Џон Ром од Светска банка за Француската новинска агенција.

„Исто така знаеме дека ако немаме проактивен пристап кон ова прашање во само три региони – Африка, Јужна Азија и Латинска Америка – ќе имаме 133 милиони климатски мигранти“, предупреди Рон.

Помагањето на посиромашните нации да се прилагодат на потоплото опкружување и на временските екстреми што доаѓаат со него, вклучуваат градење на поцврсти домови, изнаоѓање нови извори на свежа вода и она што банката го нарекува „климатско паметно земјоделство“.

Соопштението на банката следи откако денеска 200 земји започнаа со преговори во рамките на двонеделна конференција за климатските промени во Катовице, Полска.

Заканата од глобалното затоплување „никогаш не била полоша“, рече шефицата за климатски промени на Обединетите нации, Патриша Еспиноса

„Оваа година ќе биде една од четирите најжешки години досега. Последиците од климатските промени никогаш не биле полоши. Оваа реалност ни порачува дека мора да се стори многу повеќе“, вели таа.

Климатските промени беа една од темите на Самитот Г-20 во Буенос Аирес каде земјите учеснички ги реафирмираа своите ставови за посветеност на борбата со климатските промени.

Но, претседателот Доналд Трамп рече дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор поради, како што рече, економската штета која што би можеле да ја предизвикаат одредбите од договорот.

Трамп, кој ги промовира фосилните горива и нуклеарната енергија, предложи повторни преговори за Парискиот договор, идеја која многумина ја отфрлија како непрактична.

Полска, како земја домаќин на преговорите во Катовице, се очекува да го предложи она што го нарекува „праведна транзиција“ за индустриите за нафта, гас и јаглен, со цел да се намали финансискиот удар од оддалечувањето од овие загадувачки извори на енергија.

Преговарачите исто така се очекува да ѝ се приклучат на Светска банка во помагањето на земјите во развој да се прилагодат на климатските промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG