Аналитичарите велат дека пуштањето во употреба на три големи воени брода на кинескиот претседател Кси Џинпинг, претставува храбар чекор кон засилување на поморската контрола над оспорените азиски мориња и уште еден притисок кон она што Пекинг го смета како растечко влијание на САД во регионот.
Државните медиуми во Пекинг велат дека трите пловни објекти, опишани како разорувачи, подморница со стратешки балистички ракети со нуклеарно напојување и амфибиски напаѓачки брод, официјално влегле во морнарицата на Кинеската народноослободителна армија.
Кинеските власти на бродовите гледаат како нов начин да помогне во одвраќањето на САД да испраќаат свои бродови во морските води крај брегот на Кина и да ги предупредат другите азиски земји кои го оспоруваат морскиот суверенитет на Пекинг, а со тоа, полека да ја стекнат воената контрола во „првиот островски ланец“, велат некои аналитичари. Ланецот се протега од Курилските острови во Русија преку Јапонија, Тајван и Филипини.
Особено во прашање е Јужното кинеско море, воден пат распространет на 3,5 милиони квадратни километри спорен од Кина и уште пет други воено послаби нации: Брунеи, Малезија, Филипини, Тајван и Виетнам. Морето се протега јужно од Хонг Конг до Борнео.
„Пуштањето во употреба на тие бродови и фактот дека самиот Кси Џинпинг присуствуваше на настанот на поморските единици, е начин да им се соопшти на регионот и на светот дека морнарицата на кинеската армија еволуираше во комбинирана, мултифункционална и ефикасна морска борбена сила, способна за крајбрежна одбрана“, рече Фабрицио Бозато, виш научен соработник на Институтот за истражување на океанската политика на фондацијата за мир во Сакава од Токио.
Кинески официјални лица цитираат записи за историска употреба за да ги поддржат своите тврдења за околу 90 проценти од морето, кое се вреднува како погодно за риболов и подморски резерви на фосилни горива. Кина ги вознемири другите азиски баратели во овие морски води.
Кина со своите најсилни вооружени сили во Азија, ги поттикнува другите поморски баратели да бараат поддршка од САД.
Загриженоста во Пекинг дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп можеби планирал напад во спорните морски води или близу Тајван, ја навел Кина да го предупреди сегашниот претседател Џо Бајден, изјави Јун Сун, висок соработник на програмата за Источна Азија на Стимсон центарот во Вашингтон.
Индо-пацифичката команда на САД на Хаваи потврди за Гласот на Америка дека 10 американски воени бродови стигнале до Јужното кинеско море минатата година, како и претходни други 10 воени брода во 2019-та година.
Високо рекламираното распоредување на бродовите во Пекинг беше првенствено насочено да му покаже на кинескиот народ дека Кина ја зајакна воената сила и „материјалното богатство“ во времето на Кси, рече Сун.
„Другата порака која беше пратена до надворешниот свет, е пораката дека Кина може да интервенира во Јужното кинеско море, и да се стави акцент на зајакнувањето на поморската воена способност на Кина“, рече Сун.
Трите брода не мора да преставуваат закана за барателите од Југоисточна Азија кон спорните морски води, како и сите потези што укажуваат на тоа дека Кина може да наштети на нафтената и гасната опрема во ексклузивните економски зони на водниот пат, рече Шариман Локман, висок аналитичар за надворешна политика и безбедносни студии на Институтот за стратешки и меѓународни студии во Малезија. Малезија е особено активен истражувач за подморските горива.
Кина најверојатно сака да го „пробие“ првиот островски ланец, рече Ох Еи Сун, постар соработник на Сингапурскиот институт за меѓународни работи. Тој рече дека додавањето на поморската моќ е еден од начините за унапредување на таа кауза, што може да биде долг процес.
Според британскиот Меѓународен институт за стратешки студии, заклучно со 2012-та година, кинеската морнарица имала 512 бродови. Сега има повеќе од 700 бродови.
Facebook Forum