Линкови за пристапност

Кина со цензура спречува споменување на Тјенанмен


Во пресрет на инцидентот на 4 јуни 1989 година онлајн цензорите од социјалните медиуми го избришаа споменувањето на операцијата на Тјенанмен од страна на Министерот за одбрана Веи Фенге

Кина во неделата го бранеше нејзиниот смртоносен напад пред 30 години врз продемократските демонстранти на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, велејќи дека тоа е „правилна политика“.

За време на годишниот регионален безбедносен самит во Сингапур, Министерот за одбрана Веи Фенге беше запрашан зошто критичарите се уште велат дека Кина „не се справила соодветно со инцидентот“.

„По триесет години сите се загрижени за Тјенанмен. Во текот на триесет години, Кина под Комунистичката партија направи многу промени. Мислите ли дека Владата погреши справувајќи се со ситуацијата на 4 јуни? Имаше заклучок за тој инцидент. Тоа беше политичка криза што централната влада требаше да ја смири и владата беше одлучна во запирање на немирите. Тоа беше исправна политика“, рече Фенге.

Изјавата на Фенге е ретка потврда за инцидентот на 4 јуни 1989 година, кој следеше по седум недели демонстрации од страна на студентите и работниците кои бараа демократски промени и крај на корупцијата.

Во налетот на војската која интервенираше со тенкови беа убиени стотици демонстранти, можеби повеќе од 1.000, иако точниот број на смртни случаи останува непознат.

Веи рече дека поради одговорот на Пекинг во тоа време, „Кина ужива стабилност и развој“.

Но, во Кина, онлајн цензорите го избришаа споменувањето на операцијата на Тјенанмен од социјалните медиуми, отстранувајќи статии, коментари и слики. Дискусиите за сузбивање на протестите се табу во Кина, при што властите ги предупредуваат активистите, адвокатите и новинарите секоја година како што се приближува годишнината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG