Шампањот ja губи својaта клиентела. Со месеци, мерките воведени поради пандемијата оневозможуваат организирање на свадби, јадење во ресторани, забави и меѓународни патувања - сите клучни компоненти за продажба на француското луксузно вино што со децении се служи како ексклузивно пенливо возбудување на секоја прослава.
Производителите во источниот француски регион Шампањ, седиште на оваа глобална индустрија, велат дека изгубиле околу 1,7 милијарди евра (2 милијарди американски долари) оваа година, бидејќи продажбата на шампањ опаднала за една третина - што е неспоредливо повеќе и полошо од времето на Големата депресија.
Тие очекуваат околу 100 милиони шишиња да останат во нивните визби непродадени до крајот на годината.
„Се соочуваме со криза што е уште полоша од Големата депресија“ од 1929 година“, рече Тибаут Мејлукс од комитетот Шампањ, претставник на околу 16.000 производители на вино.
Препознавајќи ја итноста на проблемот, комитетот предвиде мерки за да се намалат штетите. Комитетот го регулира обемот на производство за да се избегнат вишоци кои би предизвикале паѓање на цените на виното. На 18 август треба да се одржи состанок на кој се очекува да наметне лимит кој ќе биде толку строг што рекордни количини на грозје ќе бидат уништени или продадени на дестилерии по намалена цена.
Помалите производители се особено загрижени поради актуелните состојби, бидејќи тие се поранливи од големите винарии.
Големите производители како Вранкен-Помери предвидуваат дека кризата би можела да трае со години.
Анселме Селос, од Жак Селос Шампањ, рече дека е „навреда за природата“ познатото грозје за шампањ да биде наменето за произведство на алкохол за дезинфекција за раце, како што се случува во другите вински региони.
„Ние треба да уништиме (грозје) и да платиме да биде уништено“, рече тој, осврнувајќи се на индустријата како целина. „Тоа е катастрофа“.
„Шампањот никогаш досега не бил во ваква криза, дури и за време на светските војни“, додаде Селос. „Никогаш не сме искусиле ... ненадеен пад на една третина од продажбата. Не се продадени над сто милиони шишиња “.
Големите производители како Вранкен-Помери предвидуваат дека кризата би можела да трае со години.
„Не треба да се заборави дека (шампањот) преживеа низ секоја војна“, рече Пол-Франсоа Вранкен, основач на Вранкен-Помери Монопол. „Но, при другите кризи, имаше излез. Засега нема излез - освен ако не најдеме вакцина “.
Вранкен рече дека самата суштина на маркетингот со шампањот - како пијалок за забави и свадби - треба да се преиспита за да ја одрази новата нормална состојба која значи помалку свечености и празнични групни настани.
Новата стратегија за брендирање ќе се обиде да го истакне статусот на виното како природен, а често и органски произведен квалитетен пијалок од историскиот француски регион.
Facebook Forum