Линкови за пристапност

САД најавија помош за Македонија ако сака да прави попис


Македонците во САД првпат ќе може да го запишат нивното потекло во документите за попис
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Нема добро владеење, без попис на граѓаните, изјави за Гласот на Америка Викторија Велкоф, заменик-директорка за демографија во Бирото за попис на САД

Македонците во САД првпат ќе може да го запишат нивното потекло во документите за попис. Тоа значи дека ќе се знае колку точно Македонци, и Американци со македонско потекло, живеат во САД, од што пак зависи колку пари државата ќе одвои за развој на македонската заедница.

Ваква можност тие добија откако претседателот на САД Доналд Трамп, иницираше промени во американскиот попис, воведувајќи посебна графа за запишување на потеклото на граѓаните, за разлика од претходно, кога постоеше простор само за раса.

„Во минатото го имавме само Истражувањето на американската заедница. Но, тоа е само истражување. Пописот ќе даде целосен преглед“, изјави за Гласот на Америка Викторија Велкоф, заменик-директорка за демографија во Бирото за попис на САД.

Случајно се погоди и таа да има македонско потекло.

„Многу сум возбудена што можам да се запишам како Македонка, исто како и моите двајца браќа. Горди сме на нашето потекло“, рече таа.

Според Велкоф, пописот е важен за Македонците, бидејќи колку повеќе од нив ќе се запишат, толку повеќе пари ќе се распоредат за програми за нивна помош.

„Има делови во државата каде на банкоматите ќе може да се види македонски јазик. Обединетата македонска дијаспора ни помогна во превод на материјалите. Кога ќе се знае бројот на Македонци на едно место, и самите бизниси ќе прават промени во корист на оваа заедница“, вели таа.

Пописот во САД се одвива и сега, во услови на пандемија. Обрасците се испраќаат по пошта, а ги има и онлајн. За разлика од тука, Македонија немала попис од 2002 година.

Велкоф вели дека нема добро владеење и функционирање на една влада, без попис на граѓаните.

„За да владеете добро потребни ви се податоци, а пописот е основата за тоа. Многу е важно државите да прават попис. Ние правиме секои 10 години, од 1790 -тите. Првиот попис Македонија го направи во 1994-та година, каде јас бев меѓународен набљудувач. Пописот е неопходен за да се распореди моќта соодветно“, објаснува Велкоф.

Таа вели дека ако Македонија е заинтересирана да направи попис, и ако има потреба од техничка помош, САД дефинитивно би помогнале, како што тоа го прават и во други држави.

Според истражувањето на американската заедница, сега во САД има речиси 70.000 Македонци, од кои најмногу во Њујорк, Мичиген и во Њу Џерси.

Велкоф очекува после пописот бројот да биде многу повисок.

„Го охрабрувам секој Македонец да го пополни пописот и да го испрати. Едвај ги очекувам резултатите што ќе може да ги споделиме со сите“, додаде таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG