Линкови за пристапност

Резервации за Куба – но со задршка!


Компанијата „Карневал“ вели дека ќе ги одложи патувањата додека Куба не го промени законот

Бродската компанија за крстарење „Карневал“ вели дека ќе им дозволи на патници кои се по потекло од Куба да резервираат патувања до островот, но ќе ги одложи патувањата доколку владата на Куба не ја промени својата политика со која не им се дозволува на Кубанците по националност да влезат во земјата по пат на море.

Оваа компанија за рекреација со седиште во САД планира да започне со крстарење од Мајами, Флорида, до Куба на први мај, после историското обновување на дипломатските односи помеѓу двете земји.

„Карневал“ не дозволува Американци кои се родени во Куба да резервираат патување со оваа компанија поради законот во Куба кој датира од времето на студената војна, според кој тие не можат да влезат на островот преку воден пат.

Од „Карневал“ велат дека во тек се преговори со владата на Куба за укинување на ограничувањата, а во меѓувреме тие ќе ги прифаќаат резервациите од сите патници.

Компанијата вели дека доколку забраната не се укине, патувањата ќе бидат одложени.

Бродот „Адониа“ на компанјата „Карневал“, со капацитет од 700 патници е подготвен да плови секоја втора недела до кубанските пристаништа на Хавана, Сиенфуегос и Сантиаго де Чиле.

Цените за еднонеделно крстарење почнуваат од 1.800 долари.

XS
SM
MD
LG