Линкови за пристапност

Како да бидете пријател на болен?


Нова книга помага во ситуации кога пријател или член на семејството е болен, што за сите е предизвик.

Пред неколку години, откако Лети Котин Погрејбин била дијагностицирана со рак на дојка, се соочила со фактот колку е тешко за некои од нејзините пријатели да разговараат со неа за нејзината болест на искрен и сочувствителен начин.

Таа почнала да прашува други пациенти болни од рак како нивните пријателства се промениле по одредување на дијагнозата, кога добила инспирација да напише книга за тоа. Насловот е „Како да се биде пријател на пријател кој е болен“.

„Поентата е да се поистоветите со некој кој страда, кој прави да се почувствувате чудно, бидејќи придонесува да се соочите со сопствената ранливост и смртност. Но на луѓето не им оди тоа добро и природно и прават паузи, пелтечат и не можат да ги најдат вистинските зборови“.

Погрејбин дознала дека стравот е во коренот на многу комуникациски проблеми. Одредени луѓе се чувствуваат мошне непријатно во присуство на болен човек, така што немаат многу желба да бидат во негово или нејзино присуство.

Погрејбин исто така дознала дека некои луѓе и вложуваат премногу напор да бидат „фини“.

„Овде и се јавува погрешната перцепција за тоа што значи да се биде фин со болен човек. Понекогаш најдоброто нешто што може да го сторите е да ги третирате нормално, како и сите други. Во ниту еден момент не сакав да се чувствувам како жена со рак“.

Понекогаш букет цвеќе или вистински збор се од помош, вели таа, но честопати она што е потребно е практична помош.

„Кога татко ми падна болен, она што ни требаше е некој да дојде и да ни помогне, да донесе нешто зготвено, или да помогне при капење“, вели Никол Браун, која сето тоа го искусила.

Погрејбин додава дека љубезноста никогаш не е отповеќе.

Совет до сите, вели авторката, доколку сте пријател, прашајте го болниот што точну му треба во тој период. Прашајте дали сака го прашате или самите да преземете иницијатива. Дали сака да се јавувате често или тоа го нервира. Клучот е – да комуницирате за потребите на лицето на кого сакате да му ги олесните тешкотиите.

Авторката ја добила битката со ракот.
XS
SM
MD
LG