Линкови за пристапност

До крајот на денот можно смирување на шумските пожари во Калифорнија


Надлежните изјавија дека се надеваат оти ветровите ќе се намалат, што ќе доведе до смирување на ситуацијата

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, изјави дека постои надеж оти до крајот на денот ќе се намалат ветровите кои ги предизвикаа шумските пожари во северниот дел на сојузната држава. Тој нагласи дека 3.000 лица се` уште работат на гаснење на пожарот.

Калифорнија многу често ја зафаќаат шумски пожари во овој период од годината, бидејќи нема влага, а ветровите се силни.

Надлежните соопштија дека пожарот веќе уништил околу 100 градби, а околу 180.000 луѓе се еваукирани.

Од вчера во сојузната држава е прогласена вонредна состојба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG