Линкови за пристапност

Во Калифорнија бројот на жртви од пожарот се искачи на 77


Властите во Калифорнија потврдија дека околу 300 лица се безбедни откако нивниот град беше зафатен од еден од најголемите пожари во историјата на оваа сојузна држава.

Пред повеќе од една недела од пожарот кој се прошири и врз градот Парадајс речиси 1.000 лица се` уште се водат за исчезнати. Спасувачките екипи пребаруваат по остатоците на изгорените згради, додека пријатели и роднини и натаму се обидуваат да ги исконтактираат лицата што се водат за исчезнати.

Од синоќа бројот на загинати во пожарот е 77. Официјални лица соопштија дека досега биле идентификувани 67 од загинатите.

На гасење на пожарот во моментот работат илјадници пожарникари и се` уште не може да се каже дека е под контрола.

Добра вест е што во северниот дел на Калифорнија наредните неколку дена се очекува дожд, но се стравува дека тоа може да доведе до лизгање на земјиштето опустошено од пожарот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG