Линкови за пристапност

Нова средба на Македонско-бугарската комисија за историски прашања најдоцна до октомври


Нова средба на Македонско-бугарската комисија за историски прашања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Комисијата ќе продолжи со работа по едногодишна пауза

Северна Македонија и Бугарија не треба да разговараат по принципот на уцени, коментираат историчари за Глас на Америка, во пресрет на новата средба на Македонско-бугарската комисија за историски, образовни и културни прашања, која според најавите треба да се одржи набргу.

Работата е во прекин скоро една година, откако заглави по најтешкото прашање за Гоце Делчев, за кое од бугарската страна тврдат дека тој се декларирал како Бугарин.

„Сега тоа што се прави е чиста уцена. Кој е тој што сега ќе каже, како се чувствувал некој пред 1.000 години.Тоа не е битно. Битно е како живееме денеска и како ќе живеат нашите деца утре и понатаму. Историјата не треба да служи за тоа, туку да не учи да не ги повторуваме грешките од минатото, и да гледаме понатаму“, вели историчарот Александар Атанасовски.

Професорот Далибор Јовановски не е голем оптимист дека работите можат да се помрднат од мртва точка.

„Во овој момент забележуваме дека тоа е тешко.Тоа претставува големо емоционално прашање за двете страни, и оставам на членовите на Комисијата да го решат тој проблем, ако воопшто може да се реши таков проблем“, вели Јовановски.

Искуствата на историските комисии покажуваат повеќедецениски работи, вели Јовановски.

Професорот Атанасовски, пак, порачува политиката да се тргне од историјата.

„Политиката не треба воопшто да се меша. Историјата нека ја остават на историчарите. Историчарите нека истражуваат кој и што е, и нека си пишуваат статии. Зошто мора да се носи некаков памфлет, ние на Европа да ѝ кажуваме кој кој е“, вели Атанасовски .

Во однос на неодамнашените најави на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, професорот Јовановски очекува дека тоа нема да дојде.

Но, потсетува дека бугарската Влада, во октомври минатата година усвоила рамковна позиција која ќе биде обврзувачка за сите идни бугарски влади.

„И најверојатно во пристапните преговори со ЕУ, доколку има одредени проблеми, на пример со Комисијата за историски прашања, бугарската страна може да даде одредени забелешки, односно да прекине некои преговори за одредени поглавја. Се надевам дека Бугарија нема да го искористи своето право да не` блокира, бидеќи цело време тврдат дека сме два братски нарда, две братски држави“, вели тој.

Неодамна министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Османи и Захариева, во телефонски разговор договориле интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG