Додека од Брисел вчера и денеска стигаат пораки од највисоко ниво со барања за стабилизирање на меѓуетничките односи во Собранието, тензиите се креваат со респравата околу предлог законот за правата на бранителите.
Претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, денеска на претседателот Иванов му порача Македонија да работи на домашната стабилност:
„Напоредно со поздравувањето на важните реформи досега преземени, ги охрабрувам натамошните напори особено во делот на слободата на изразувањето, изборниот законик и меѓуетничките односи. Домашната стабилност и помирувањето остануваат од суштинско значење за ПЈР Македонија, како и за целиот регион и затоа ЕУ му придава толку големо значење на спроведувањето на Охридскиот договор. Исто така, разговаравме за прашањето за името и ги повикав одговорните на одржување добрососедски односи во рамките на процесот на пристапување. Ги охрабрив двете страни да дојдат до заеднички прифатливо решение“.
Во Собранието денеска започна комисиска расправа за Законот за правата на бранителите, со многу тензии.
ДУИ и ДПА во Собранието заеднички бараат законот воопшто да не се става на дневен ред.
„Законот е противуставен, селективен, еднонационален и ги застапува само Македонците, па со него се кршат начелата на Охридскиот договор, а и директно се загрозува соживотот.Тој закон е чисто зло и со него се отвараат старите рани“, вели Џеват Адеми од ДУИ.
Од оваа партија најавија дека ќе ги искористат сите можности да го блокираат донесувањето на законот.
Од своја страна предлагачите на законот велат дека негова цел не е подвојување по етнички линии туку чекор напред кон помирувањето.
„Предлог законот за посебните права за припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства не е неправеден, тенденциозен обид против Албанците, не е антиалбански и не ограничува или скратува ниту едно право на Албанците во Република Македонија,“ рече Веле Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ
Опозицискиот СДСМ истапи со критика кон двете владеачки партии.
СДСМ сепак најави дека ќе го подржи предлог закнот:
„Со ова се прави несериозен пристап за сериозни прашања, законот не е антиалбански и не го крши Охридскиот договор, но е игра на Ахмети и Груевски за политички поени”, вели Радмила Шеќеринска од СДСМ критикувајќи го ВМРО ДПМНЕ што во 2008 отфрлила сличен предлог за регулирање на правата на бранителите поднесен со 30 илјади потписи. Еден од иницијаторите на тој закон во 2006 беше Стојанчо Ангелов од Здружението на бранителите, Достоинство. Тој денеска не доби можност да присуствува на седницата и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ „со амандмани да овозможат бранителите и нивните семејства да земат отштета како што заслужуваат, а не со просек од 2001 со кој износот што ќе го добијат би бил понижувачки за нив“.