Линкови за пристапност

Со трансатлатската трговска војна на повидок, Британија во костец


Британската премиерка Тереза Меј е во несекојдневна позиција - дали ќе ја избере страната на САД или на европските лидери?

Французите и Канаѓаните беа најжестоки во реакцијата на неодамнешниот состанок на Г7, што се одржа во Квебек, Канада, а кој заврши во услови на јавни и лични обвинувања меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговите колеги, околу трговските царини.

Но, еден од учесниците, беше особено желен да задржи низок профил – тоа беше британската премиерка, Тереза Меј.

Таа изрази разочараност, но избегна да упати лични критики. „Имавме одредени тешки разговори и силна дебата“, изјави британската премиерка по завршувањето на средбите, додавајќи, „тоа не значи преземање еднострана акција против вашите партнери“.

Владеачките конзервативци во Британија, приватно и јавно излегоа со ставови за склучување на брз договор за слободна трговија со Вашингтон. Тоа би им овозможило да ги промовираат економските и политички придобивки од напуштањето на Европската Унија и да покажат како би се отвориле нови можности за „глобална Британија“.

Но, сега, со засилување на идеите за протекционизам и плановите на странските лидери за контра-удар на Трамп - (преку трговски казни за американските производи), Велика Британија е затекната во средина, а ова се случува во време кога меѓу обичните Британци се зголемуваат стравувањата за Брегзит.

Со трансатлантска трговска војна, којашто е на повидок, британски претставници признаваат дека доаѓа во многу лошо време за Британија. И покрај тоа што во американскиот Сенат дури беше формирана Комисија за испитување на можностите за договор за слободна трговија со Велика Британија, се чини дека надежите дека тоа ќе се стори брзо, стануваат се` помали.

Ставот на Мај, најверојатно, ќе стане уште понепријатен во наредните денови, бидејќи таа е принудена да избере во која насока ќе појде со оглед дека и` е потребна поддршка од европските лидери, за да постигне поволен договор за Брегзит. Од друга страна е американскиот лидер, кој е определен да ја редефинира трговијата и безбедносните односи со Европа.

Оттука, се чини дека е невозможно да се одржува одреден балансирачки чин меѓу повредената Европа и Доналд Трамп, кој за западните сојузници вели дека ја „ограбуваат“ Америка - со алчни трговски политики и недоволно плаќање за колективна безбедност. Некои поддржувачи на Брегзит стравуваат дека ескалацијата на конфронтацијата меѓу САД и Европа, можеби ќе значи крај на шансите за маневрирање на Велика Британија за излез од европското семејство.

„Г7 - Квебек, е потсетник за Велика Британија за многу работи: дека трговијата е мултилатерално, а не е билатерално прашање, дека САД не е нужно наш сигурен пријател и дека големите нации во Европа, меѓу кои и Британија, ги делат истите вредности и интереси“, се наведува во денешниот уреднички коментар на во весникот Гардијан.

Британските министри се желни да се обидат да ги смират тензиите околу трговијата. Заменикот на Меј, Дејвид Лидингтон, за Би-Би-Си изјави: „Не мислам дека трговската војна некому ќе му донесе добро. Сите губат. Затоа, сметам дека треба да соработуваме со САД и со нашите европски партнери и други сили, како Јапонија, за да се обидеме да пронајдеме мултилатерални решенија, бидејќи верувам дека обичните семејства имаат придобивки од слободната трговија“.

Сепак, европски дипломати велат дека очекуваат трансатлантскиот спор, поттикнат од одлуката на Трамп да воведе царини на челик и алуминиум, ќе се влоши.

Тие додаваат дека сега е очигледно дека трговската војна е на повидок. Канада, Мексико и ЕУ ветија дека ќе возвратат на САД со казни од милијарди долари на американски производи, надевајќи се дека забавувањето на американската економија и загубата на американските работни места, ќе го убеди Трамп да се предомисли.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG