Приврзаниците на Брегзит се возбудени и добро расположени. Поминаа речиси четири години откако тенкото мнозинство во Велика Британија гласаше за излегување од Европската унија, но конечно дојде она што приврзаниците на Брегзит сакаат да го нарекуваат ден на независноста.
Иселениците велат дека се чувствуваат напуштени од Велика Британија и се жалат дека британските министри не им посветиле доволно внимание додека се одвивале преговорите за Брегзит.
„Популизмот триумфираше кога се вративме на самоуправување, да бидеме независна, нормална нација“, вели Најџел Фараж, еден од водечките приврзаници на Брегзит, кој водеше кампања за Велика Британија да го напушти европскиот блок повеќе од 27 години.
Фараж го истакнува Брегзит како победа на популизмот над глобализмот.
Но, чувството не такво за 1,5 милион Британци кои живеат во европските држави. За нив Брегзит го расипува нивното чувство на припадност, бидејќи значи губење на државјанството од ЕУ. Како тие ќе го одбележат Брегзит?
„Како и многу Британци на континентот, немам одлучено“, изјави за локален новински портал, Џејн Голдинг, копретседавач на про-ЕУ кампањата.
„Размислувам меѓу одбележувањето на Брегзит тивко, но симболично со некои пријатели во Берлин, или само да останам дома со мојот сопруг или да одам во некој локален бар на неколку коктели. Што и да изберам, во тоа ќе има и тага “, рече таа.
Изминативе четири години британските иселеници се загрижени за тоа какви права ќе задржат, плашејќи се дека можат да го загубат пристапот до јавна здравствена заштита, па дури и домовите.
За британските пензионери кои живеат во Европа, вознемиреноста расте со ослабувањето на куповната моќ на фунтата, бидејќи вредноста на старлингот падна со гласањето за Брегзит. „Како брачна двојка која живее во Италија веќе 12 години и се пензионираше со пензиите заработени во Велика Британија пред референдумот, ние изгубивме скоро 20 проценти од годишните приходи како последица на девалвацијата на стерлингот, бидејќи граѓаните во Велика Британија гласаа за Брегзит во јуни 2016 година“, вели Доналд Лав, пензиониран британски лекар кој живее во Пиза, Италија.
Иселениците велат дека се чувствуваат напуштени од Велика Британија и се жалат дека британските министри не им посветиле доволно внимание додека се одвивале преговорите за Брегзит.
Facebook Forum