Линкови за пристапност

Забрана за влез во САД на граѓани од Бразил


Мерката важи од денес, а се однесува за странски државјани кои кои биле во Бразил во одреден момент изминатите 14 дена

Денес стапува во сила забраната на САД за влез на граѓани од Бразил, два дена порано од првичната најава на Белата куќа, како дополнителен напор да се спречи ширењето на коронавирусот.

Официјалните лица не кажаа конкретна причина поради која е променет датумот за почеток на важење на ваквата забрана.

Мерката се однесува за странски државјани кои влегуваат во САД, а кои биле во Бразил во одреден момент изминатите 14 дена.

Здравствените официјални лица велат дека се потребни два до 14 дена пред да се појават симптоми на КОВИД-19.

Белата куќа соопшти дека забраната за патување ќе осигура граѓаните кои биле во Бразил, да не станат извор на дополнителна зараза во САД

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, Бразил е нов епицентар, според бројот на заразени лица, веднаш зад САД.

Бразилското министерство за здравство, вчера регистрираше 807 смртни случаи за период од 24 часа. САД, пак, во еден ден имаа 620 смртни случаи.

Tрамп има воведено слични забрани за патување за Кина, Иран, Британија, Ирска, и за 26 европски држави во Шенген зоната.

Светската здравствена организација (СЗО), го стопира тестирањето на ефективноста на лекот хидроксихлорокин кај пациенти со КОВИД-19, додека експертите ја разгледуваат неговата безбедност.

Во меѓувреме, државите продолжуваат со олеснување на рестриктивните мерки, меѓу кои Саудиска Арабија, која најави укинување на дел од мерките в недела, додека британскиот премиер Борис Џонсон објави план за отворање на пазарите на отворено на први јуни, а на сите продавници на 15 јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG