Линкови за пристапност

Трамп до илегалните мигранти: Ако не ви се допаѓаат условите во прифатните центри, не доаѓајте


Тој го лоцираше проблемот во лошите имиграциони закони на демократите

Еден ден откако беа објавени фотографии за условите на двата центри за мигранти во Тексас, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека многу мигранти се побезбедни и живеат многу подобро сега отколку порано.

„Ако илегалните мигранти се несреќни со условите во прифатните центри што набрзина се организирани, тогаш воопшто нека не доаѓаат. И сите проблеми ќе бидат решени“, напиша Трамп на Твитер.

Тој го лоцираше проблемот во лошите имиграциони закони на демократите, и ја пофали работата на пограничните агенти, без да го спомене скандалот со поранешни и актуелни агенти, кои се обвинети за расистички и сексистички објави на Фејсбук за мигрантите и законодавците со латиноамериканско потекло.

Претходно неделава, Трамп потпиша финансиски пакет од 4,6 милијарди долари за унапредување на условите во прифатилиштата за илегалните мигранти, еден ден откако критичарите ги обвинија официјални лица дека не обезбедуваат сапуни и четки за заби за лицата во Центрите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG