Линкови за пристапност

НАСА ќе лансира ловец на црни дупки


Телескопот ќе ги бара и проучува мистериозните небесни тела кои научниците веруваат дека се во срцето на секоја галаксија.

Гравитационата сила на црните дупки е толку интензивна што ниту светлината не може да избега од нив. Со впивање на гасот, прашината и ѕвездите во нив, материјалот се забрзува и загрева, генерирајќи моќни ултравиолетови зраци.

Само пред неколку години научниците тврдеа дека црните дупки се реткост. Мислењето се промени последниве 20 години, и сега НАСА се подготвува да изврши своевиден попис во вселената.

Американската агенција за вселенски истражувања за таа намена, на 13-ти јуни го испраќа новиот телескоп Нустар.

Пол Херц е директор на Одделот по астрофизика во агенцијата.

„Ѕвездите, ѕвездената прашина и црните дупки емитуваат ултравиолетови зраци од вид што се користи во медицината, а што не можат да се забележат од површината на Земјата. Телескопот Нустар ќе ги фокусира овие зраци кон дигитален апарат, додека фотографиите ќе се испраќаат назад на Земјата за научна анализа“, вели овој експерт.

Телескопите во моментов во вселената обезбедуват фотографии што покажуваат генерална светлина од стотици огромни црни дупки. НАСА очекува дека Нустар ќе биде во можност да обезбеди многу подобра слика за појавата и за други високоенергични настани.

НАСА додава дека можеби две од секои три црни дупки во вселената се скриени. А новиот телескоп Нустар со големина на фрижидер, се верува дека ќе може да ги пронајде дупките скриени зад ѕвездената прашина и гас. Телескопот може и да обезбеди информации за тоа со колкава брзина се движи дупката, што би помогнало да се дознае и како таа се формирала.

Од НАСА најавуваат дека Нустар ќе почне да испраќа податоци на Земјата околу еден месец по лансирањето.
XS
SM
MD
LG