Линкови за пристапност

Таблетите за контрацепција наполнија 60 години


Шест децении подоцна, 230 милиони жени во светот немаат пристап до контрацептивни средства, покажуваат податоците на организацијата за планирање на родителство „Глобал“

На 9 мај 1960 година, Американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобри првото комерцијално произведено орално средство за контрацепција.

Таблетите за контрола на раѓањето своевремено беа прогласени за „револуционерни“, но 60 години подоцна, недоволниот пристап до лекот и другите методи за контрола на раѓањето ширум светот го отежнуваат оствaрувањето на она што многумина се надеваа дека ќе биде волшебна таблета за женски репродуктивни права.

„Во основа, таблетите за контрацепција ја сменија целата траекторија на правата на жените и ја ставија моќта во рацете на жените предизвикувајќи економска и социјална револуција“, вели Моника Кериган, Извршна директорка на организацијата за планирање народителство „Глобал“.

Кога во 1960 година, Американската администрација за храна и лекови го одобри првото, комерцијално произведено орално контрацептивно средство, за разлика од другите форми на контрола на раѓање што беа достапни во тоа време, таблетата понуди нешто поразлично - не бараше машко учество.

„Таа дискретна способност да се контролира сопствената плодност стана еден вид револуционерен фактор затоа што, всушност, се смени, на пример, динамиката на моќта во рамките на бракот, фактот дека жената може, знаете, тајно да ја земе таблетата за контрола на раѓањето и со тоа да ја контролира сопствената плодност “, вели Азиза Ахмед, професорка по право од Северо-источниот универзитет.

Сè уште има многу жени во Африка, Азија и Латинска Америка, а особено категории како млади жени, адолесценти кои имаат секс, но не се во можност да се заштитат
Моника Кериган, Извршна директорка на „Глобал“


Со повеќе од 150 милиони корисници ширум светот според Организацијата на Обединетите нации, апчињата за контрацепција остануваат меѓу водечките методи на контрацепција денес.

Но, ова е проследено и со друга реалност - дека одлуките на жените честопати се ограничени од нивните културни, политички или религиозни средини.

Недоволниот пристап и достапноста до клиниките или давателите на здравствени услуги претставуваат уште еден предизвик.

„Еден од предизвиците со таблетите во земјите во развој е тоа што овој метод има имате одреден протокол што треба да го следите. Ако нешто се случи и не сте во можност да се напиете апче или ви недостасува таблета за една недела. Па, што правите тогаш? “, вели Барбара Селигман од Бирото за население.

Постојат 230 милиони жени во светот кои сакаат, но немаат пристап до контрацептивни средства, покажуваат податоците на организацијата за планирање на родителството.

„Сè уште има многу жени кои немаат пристап, во Африка, Азија и Латинска Америка, а особено категории како млади жени, адолесценти кои имаат секс, но не се во можност да се заштитат“, вели Моника Кериган, Извршната директорка на организацијата за планирање народителство „Глобал“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG