Линкови за пристапност

Најдобрите и најлошите држави да се биде жена


Најдобро рангирана, одосно на прво место, е Норвешка. На 167 место како најлоша држава за жените е Јемен. Северна Македонија се наоѓа на 37 место

Ниту една држава не овозможува целосна родова еднаквост, но да се биде жена на некои места е подобро одошто на други. Индексот на жени, мир и безбедност ги прикажува глобалните разлики со мерење на вклученоста на жените во општеството, чувството на сигурност и изложеноста на дискриминација, кои се клучни показатели за позицијата на жената во општеството. Најновите податоци сепак покажуваат напредок во некои од најлошите држави за жените.

Национална географија, Џорџтаун Институтот за жени, мир и безбедност и Институтот за истражување на мирот од Осло го презентираа индексот за жени, мир и безбедност за 2019-2020 година. Индексот служи како еден вид извештај за благосостојбата на жените. 167 држави се рангирани од најдобри до најлоши во три клучни области: вклученост и благосостојба на жените во општеството (економска, социјална и политичка), чувство на безбедност (на ниво на семејство, заедница и општество) и пристап до правда (формални закони и неформална дискриминација).

https://giwps.georgetown.edu/the-index/

Ваквото рангирање може да биде навистина моќна алатка затоа што државите, како и човечките суштества, размислуваат во релативна смисла и се споредуваат со другите.
Џудит Кели, декан на Факултетот за јавна политика во Санфорд


Овие три области се поделени во специфични категории, на пример, дали жената има пристап до мобилен телефон, дали се чувствува безбедно кога си одење дома ноќе и дали е опкружена со мажи кои сметаат дека е неприфатливо таа да работи. Во однос на овие категории државите се разликуваат една од друга и оттука различно се рангирани.

Највисоко рангирана, што значи со најдобри услови за жените е Норвешка. Следат Швајцарија, Финска, Данска и Исланд. На 167 место или најниско рангирана држава е Јемен. Пред Јемен, на листата на најлоши држави за женитесе и Авганистан, Сирија, Пакистан, Јужен Судан, Ирак, Конго, Мали, Либија и Чад.

Северна Македонија се наоѓа на 37 место. Кај Северна Македонија извештајот, споредено со индексот од 2017 година, констатира унапредување на положбата на жената во поглед на финаниската вклученост и претставувањето во парламентот, како и во пристапот до правда.

„Ваквото рангирање може да биде навистина моќна алатка затоа што државите, како и човечките суштества, размислуваат во релативна смисла и се споредуваат со другите“, вели Џудит Кели, декан на Факултетот за јавна политика во Санфорд на универзитетот Дјук. Таа вели дека мерењата - како што е на родовата еднаквост - треба да бидат значајни за државите и дека податоците треба да ги идентификуваат мерките за акција со кои ќе се дојде до решенија.

Креаторите на индексот сметаат дека безбедноста е еден од начините да се покаже колку на лидерите треба да им бидат значајните правата на жените. Жените во држави во конфликт се соочуваат со зголемен ризик, но и државите што не ги штитат жените се повеќе изложени на ризик.

„Резултатите од истражувањето покажаа дека постои корелација во општества каде родово базираното насилство може да доведе до поголема нестабилност и до евентуален конфликт“, вели Мелани Вервер, извршен директор на Институтот Џорџтаун и поранешна прва американска амбасадорка за глобални женски прашања, номинирана во 2009 година од претседателот Барак Обама. Негирањето на правата на жените и угнетувањето на жените, вели таа, обично следи по „линеарна патека“ до нестабилност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG