Линкови за пристапност

Започна распитот на Вилијам Бар за функцијата Јавен правобранител на САД


Сенаторите сакаат да го знаат ставот на Бар спрема истрагата што ја води специјалниот советник

Потврдувањето на адвокатот Вилјам Бар за јавен правобранител, номиниран од претседателот Доналд Трамп, започна со дводневно сослушување, на кое се очекува да се истражуваат критиките на Бар за истрагата на специјалниот советник и неговите експлозивни ставови за извршната власт.

Бар беше јавен правобранител во администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш. Последниве недели пред распитот, вниманието беше свртено кон негов меморандум од минатата година каде го критикува специјалниот советник Роберт Мулер за водењето на истрагата во врска со наводната опструкција на правдата од страна на претседателот Трамп.

Ако биде потврден, Бар ќе го преземе надзорот врз истрагата за Русија од заменикот јавен правобранител, Род Розенстајн, кој неодамна најави заминување од Одделот за правда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG