Линкови за пристапност

Бактерија како помош по срцев удар


Нова студија покажува дека со инјектирањето на цијано-бактерија во срцето на стаорци и со користење на светлина се подобрува дотокот на кислород во срцето

Нова студија сугерира дека фотосинтетичките бактерии и светлината, можат да бидат надеж за пациентите со срцеви заболувања.

Истражувачите од Универзитетот Стенфорд велат дека после инјектирањето на бактеријата кај стаорците со кардиоваскуларни заболувања и користење на светлина за започнување на фотосинтезата, биле во можност да го зголемат дотокот на кислород, со тоа подобрувајќи ја срцевата функција.

Откритието може да им помогне на лицата кои имаат состојба наречена срцева исхемија, која оневозможува крвта да протекува и да доставува кислород до срцевиот мускул.

„Мислевме дека има интересна врска во природата“, вели Џозеф Ву, еден од авторите на студијата. За време на срцев удар, срцевиот мускул се обидува да пумпа крв. Но по срцевиот удар има јаглероден диоксид, наместо кислород. Размислувавме дали има начин да користиме растителни клетки и да ги ставиме до срцето за да произведуваат кислород од јаглеродниот диоксид“.

Најпрвин истражувачите користеле клетки од спанаќ, но хлоропластите, структурата каде се случува фотосинтезата, не биле доволно стабилни да живеат надвор од растението.

„Продолживме да бараме наоколу“, вели Ву, а следната опција била фото-синтетичката бактерија наречена цијано-бактерија која може да преживее во срцевите клетки, во петриева епрувета.

Потоа, Ву и неговиот тим инјектирале цијано-бактерија во срцето на стаорец под анестезија и го споредиле нивото на кислород кај глувците кои се изложени на светлина, и стаорци кои не се изложени на светлина.

„Ова се` уште е прелиминарно“, вели Ву.

Студијата е објавена во журналот Science Advances.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG