Рускиот новинар Аркадиј Бабченко кој во соработка со украинската разузнавачка служба ја лажираше својата смрт кажа дека како дел од деталниот план бил премачкан со свинска крв и однесен во мртовечница.
Извештаите за неговата смрт предизвикаа реакции ширум светот. Додека украинските безбедносните претставници тврдат дека планот бил неопходен за спасување на животот на Бабченко, експертите се загрижени за етичките последици.
Воениот репортер и критичар на Кремљ, Бабченко вели дека се согласил да ја лажира својата смрт затоа што верувал дека целта ги оправдува средствата.
„Јас ја извршував мојата работа. Се` уште сум жив“
Како и да е, начинот на кој беше извршена операцијата е доведена во прашање, посебно во ерата на лажни вести, вели Мајкл Карпентер, од Пен Бајден центарот за дипломатија и глобален ангажман:
„Од една страна, ако ова е навистина бил единствениот начин на кој украинската разузнавачка служба можела да го спречи атентатот, тогаш има некое оправдување. Но, во исто време, мислам дека постојат долгорочни последици за кредибилитетот на украинската разузнавачка служба, но исто така и за владините институции. Несреќен аспект на ова е што следниот пат кога ќе биде убиен дисидент или новинар, сите ќе се посомневаат во тоа дали вестите се вистинити.“
Директорот на Школата за медиуми и односи со јавноста на Универзитетот Џорџ Вашингтон, Френк Сесно, вели дека следните чекори кои треба да ги преземат Украинците треба да бидат кон обновување на довербата кај медиумите.
За Русија, тајната операција е етички дискутабилна се сведува на две работи: обидот за атентат над Бабченко не успеа, но и дава нова можност на Русија.
„Нема сомневање дека Русија ќе ја искористи ситуацијата. Русија ќе тврди дека не само што е оваа е лажна вест, туку и останатите вести од украинската влада се лажни“.
Засега сите очи се во украинските власти, затоа што новинарите од целиот свет чекаат да слушнат веродостојно објаснување за она што се случи во Киев.
(Ирина Матвичук)
Facebook Forum