Линкови за пристапност

Бајден се сретна со пет лидери од Централна Азија на маргините на ОН


Поранешните советски држави имаат континуирани безбедносни врски со Русија и растечки економски и дипломатски врски со Кина
Поранешните советски држави имаат континуирани безбедносни врски со Русија и растечки економски и дипломатски врски со Кина

Претседателот на САД Џо Бајден го насочува погледот на Вашингтон кон Централна Азија - регион за кој Западот долго време беше обвинет дека го игнорира - во обид да ги зајакне врските со регионот без море, кој се граничи со Русија и Кина.

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации денес, Бајден се сретна со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Поранешните советски држави имаат континуирани безбедносни врски со Русија и растечки економски и дипломатски врски со Кина, како и големо културно и историско значење како главни артерии што ги поврзуваат Истокот и Западот 1.500 години.

Бајден го опиша овој состанок на дипломатската платформа Ц5 + 1 одржан за првпат на ова ниво како „историски момент, кој се надоврзува на години на блиска соработка“.

„Денеска ја креваме нашата соработка на нови нивоа“, рече Бајден, истакнувајќи дека напорите ќе вклучат зајакната соработка во борбата против тероризмот и зголеменото американско безбедносно финансирање во регионот, нови деловни врски со американскиот приватен сектор и „потенцијал за нов дијалог за критичните минерали“.

Ниту еден од другите пет лидери не зборуваше за време на кратката интеракција на групата со новинарите по нивниот состанок.

Аналитичарите велат дека вниманието е одамна одложено.

„Ниту еден американски претседател никогаш не ја посетил Централна Азија“, изјави за Гласот на Америка преку имејл Џенифер Брик Муртазашвили, вонреден професор на Факултетот за јавни и меѓународни односи на Универзитетот на Питсбург.

Ерик Грин, поранешен висок директор за Русија и Централна Азија во Советот за национална безбедност, изјави за узбекистанската служба на Гласот на Америка дека руската инвазија на Украина поттикна многу земји да ги преиспитаат своите дипломатски врски.

„Овој состанок е признавање на два клучни факторa: Прво, променливото геополитичко опкружување во овој регион по целосната руска инвазија на Украина. Ова ги поттикна сите земји, особено оние што граничат со Русија, да ги преиспитаат своите политички, економски и безбедносни ставови и мислам дека постои интерес за диверзификација и рамнотежа. Вториот фактор е напредокот во регионалната интеграција во Централна Азија. За тоа сведочи зголеменото темпо на средби на сите нивоа и дискусии за заедничките предизвици како што се водата, енергијата, климата и трговијата“, рече тој.

XS
SM
MD
LG