Од австралиската полиција соопштија дека возачот кој со својот автомобил намерно влетал во група пешаци во Мелбурн, потоа бил уапсен. Во инцидентот биле повредени 19 лица.
Властите изјавија дека осомничениот е 32-годишен австралиски државјанин со потекло од Авганистан и дека немал минато на употреба на дрога или проблеми со менталното здравје.
„Во оваа фаза, немаме докази за какви било разузнавачки податоци, што би укажале дека лицето е поврзано со тероризам. Во меѓувреме, истрагата продолжува“, рече вршителот на должноста, командантот на полицијата на Викторија, Шејн Патон.
Тој додаде и дека полицијата ќе го зголеми своето присуство во текот на ноќта во централната област во Мелбурн каде се случил инцидентот.
Facebook Forum