Линкови за пристапност

Не сме безбедни: Активистки и активисти протестираат против релативизирањето на сексуалното насилство


Секој што го затскрива, го анулира или негира таквото насилство, иако е известен за истото, тогаш и тој претставува соучесник, порачаа учесничките и учесниците на протестот
Секој што го затскрива, го анулира или негира таквото насилство, иако е известен за истото, тогаш и тој претставува соучесник, порачаа учесничките и учесниците на протестот

Релативизацијата, игнорирањето, несоодветното постапување кон родовото насилство е еднакво на соучество во истото насилство, порачаа учесниците на денешниот протест пред МВР на кој се побара поголема ажурност и соодветно постапување на полицијата во случаите со сексуално насилство врз жени и девојки

Сексуалниот напад не е недолично однесување, жртвите двојно се виктимизираат, полициските службеници се несензибилизирани и нестручни при пријави за родово насилство. Тоа беа само дел од пораките од денешниот протест „Не сме безбедни“ што се одржа пред зградата на Министерството за внатрешни работи.

Протестот го организира феминистичката платформа „Медуза“, а поттик е најновиот случај во кој 19-годишна студентка пријави сексуален напад од нелегален таксист во раните утрински часови во Скопје, а полицијата тоа го оцени како „недолично однесување“. Таксистот во меѓувреме ја напушти државата.

Протест пред МВР против родовото насилство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Учесниците на протестот побараа поголема ажурност на полицијата и попрофесионален однос на полициските службеници кон лицата жртви на сексуално насилство.

Да ги разбудиме заспаните институции, како МВР. Да ги освестиме дека мораат под итно да почнат со едукација за сензибилизација на нивните вработени, за да знаат како да постапуваат со овие многу деликатни случаи
Александра Спасеска, активистка

„Да ги разбудиме заспаните институции, како МВР. Да ги освестиме дека мораат под итно да почнат со едукација за сензибилизација на нивните вработени, за да знаат како да постапуваат со овие многу деликатни случаи кои многу често остануваат или непријавени или непроцесуирани или без правна разврска“, вели Александра Спасеска, активистка и новинарка која беше една од учесничките во протестот.

Како еден од проблемите е посочена и појавата на т.н. релативизација на појавите во семејството и во општеството што потоа водат кон појава на сексуално насилство.

„Релативизацијата на проблемот, класифицирањето на сексуалното вознемирување, коешто е предвесник на сексуалното насилство, многу често се класифицира како ‘сексуални коментари’, се релативизира, се нормализира од околината, од претпоставените, од сите чинители кои всушност би можеле да помогнат да се спречи оваа појава“, вели Александра Мојсова, граѓанска активистка.

Учесниците предупредија дека долгите правни процедури ги обесхрабруваат жртвите да ги пријавуваат случаите во кои биле нападнати.

„Кога таа жртва ќе се најде заглавена во институционалниот лавиринт и нема да најде правна разврска, води кон сериозно обесхрабрување на жртвите да ја бараат правдата и да најдат некакво заокружување на тој немил настан“, додава Спасеска.

Учесничките и учесниците на протестот укажаа дека е неоходна едукација на сите општествени чинители, но и да се стави до знаење дека релативизацијата на таквите случаи е еднакво на соучесништво.

„Секој што го затскрива, го анулира или негира таквото насилство, иако е известен за истото, тогаш и тој претставува соучесник“, укажува Мојсова.

Организаторите најавија помасовен протест на Осми март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG