Линкови за пристапност

Што мислат Арапите?


Што мислат Арапите?
Што мислат Арапите?

САД дадоа повеќе пари, трупи и ресурси за Блискиот исток отколку за кој било друг дел на светот од виетнамскиот конфликт во 1960-те наваму. Сепак, Американците знаат малку за арапскиот свет, а многу од тоа што го знаат е погрешно. Нова книга има претензија тоа да го промени.

Во „Арапски гласови“ Џејмс Зогби покренува прашања што ги гледа како пет супер-митови кои ја искривуваат сликата на Американците за Арапите.

Првиот мит е дека сите Арапи се исти, а вториот е дека не постои „арапски свет“. Зогби Интернешенал – организација за истражување на јавното мислење на братот Џон, изведе анкета во шест арапски држави од Мароко на запад до Обединетите арапски емирати на исток. Резултатот открива богата и разнолика средина, со диверзитетни суб-култури. Џејмс Зогби забележува дека исто така се издиференцирало постоење на чувство на припадништво на поголем Арапски свет.

„Културата во Мароко е различна од културата во Либан, Саудиска Арабија е различна од Египет. Добивме многу различни мислења за дневниот живот, за уникатноста на нивната земја, но во исто време има заеднички нишки низ регионот што се произлезени од заеднички јазик и заеднички сензибилитет. Арапите може да се многу различни но кога Ирак беше под инвазија тие се здружија, кога Палестина боледува, тие се здружуваат и резонираат заеднички со одредени зборови што за нив значат нешто многу моќно“, вели Зогби.

За третиот мит Зогби ги обвинува медиумите, што е лажна перцепција дека Арапите не ги сакаат САД и нивните вредности.

„Кај нас се мисли дека тие одат на спиење со омраза за Америка, дека се будат со омраза за Израел, и за време за денот гледаат вести што ја потхрануваат таа омраза. Всушност, тие одат навечер во кревет мислејќи за нивната работа како секој друг и се будат наутро мислејќи за нивните семејства. Преку ден, гледаат телевизија но најмногу „сапунски опери“ и драми.

Џејмс Зогби го отфрла и четвртиот мит – идејата дека најголем дел од Арапите се водат според религискиот фанатизам. Авторот сугерира дека има мисперцепција благодарение на холивудското портретирање на Арапите како терористи или корумпирани милионери.

„Чесно ли е да се има Арап кој е терорист? Се разбира дека има Арапи терористи, има Арапи кои се нафтени шеици кои прават ужасни работи со нивните пари. Ние го поставуваме прашањето дали само црнец може да биде уличен криминалец на телевизија, или единствено Евреин е добар трговец. Тоа се имиџи што живеат со нас. Кога би имало други ролји за овие лица што ќе ги балансираат негативците, луѓето ќе почнат да ги гледаат реално“, вели Зогби.

Петтиот супер-мит што „Арапски гласови“ го претресува е фундаментален: дека Арапите отфрлаат реформа и дека никогаш нема да се променат доколку Запад не ги турка. Зогби когисти податоци од истражувањето што покажува дека луѓето од Арапскиот свет сакаат социјална и политичка промена но имаат резерва кога таа им се наметнува. Тие сакаат нивни вид на реформи.

Зогби препорачува американските политичари да научат нешто од Американците кои имаат бизнис во Арапскиот свет.

„Бизнисмените се отворени за правење зделки. Тие ја слушаат другата страна за да разберат што бара таа страна. Тие знаат дека не можат да продадат ако не го знаат пазарот на кој продаваат. Мислам дека нашите најдобри дипломати се бизнисмените во регионот, зашто тие имаат многу пријатели во светот. Тие се успешни во продавање на дел од Америка секој ден. Тие луѓе ја сакаат нашата култура, нашите вредности, сакаат да бидат дел од нас, а ние ги туркаме политички“.

Според Џејмс Зогби проблем е и што во американските училишта малку се учи за Арапите и за Блискиот исток. Ако се сака да се освојат „срцата и умот“ на Арапите, тоа мора да се промени, вели тој.

XS
SM
MD
LG