Линкови за пристапност

Антикорупционерите ќе го испитуваат имотот на Јанушев и патувањето на синот на премиерот Мицкоски во САД


Антикорупционерите отворија два предмети, за подарениот имот на генералниот секретар во Владата, Игор Јанушев во центарот на Скопје и патувањето на синот на премиерот Мицкоски заедно со владината делегација на самитот на НАТО во САД. Кривична пријава се бара за екс заменикот во МВР, Назиф Буши.

СКОПЈЕ - Антикорупциската комисија соопшти дека ќе проверува дали се е според закон во случајот со подарениот имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во центарот на Скопје вреден 325 илјади евра како и за тоа кој го платил авионскиот билет и престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на владината делегација на самитот на НАТО во САД.

Во предметот за генералниот секретар Јанушев, каде станува збор за имот – зграда во која стан и деловен простор има и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од Антикорупциска соопштија дека веќе се испратени барања до надлежните институции без да прецизираат кои.

„Оформен е предмет постапката е во тек за потврдување вистинитоста и точноста на податоците искажани во анкетниот лист. Податоци се побарани со денешна дата што значи дека по обезбедување на податоците од сите институции до кое е доставено барањето ќе ја анализираме состојбата и ќе донесеме одлука на јавна седница“, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.

Јанушев изјави дека имотот бил подарок од неговите родители и дека е впишан во анкетниот лист и очекува Антикорупциска да се увери дека се е според закон.

Околу патувањето на синот на премиерот заедно со владината делегација на самиот на НАТО во Вашингтон, од ДКСК отвориле предмет по сопствена иницијатива и испратиле барање до генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во кое бараат да им се достави комплетната документација.

„По предметот се постапува. На 16 јули доставено е барање за обезбедување на потреба документација, Барањето е доставено до генералниот секретар на Владата а согласно доставницата барањето е примено вчера. Очекуваме достава на документација и по добивање на истата ќе биде разгледана и во најбрзо време ќе биде донесена одлука на седница на ДКСК“, изјави Зоран Богоевски, член на ДКСК

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за „Телма“ изјави дека потполно ќе соработува со Антикорупциската комисија и ќе ги достави сите документи кои евентуално ќе бидат побарани.

На денешната седница Антикорупционерите потврдија дека заменик министерот за внатрешни работи, Назиф Буши, за само дваесетина дена во месец јуни во периодот кога тој го водеше министерството, незаконски потпишал 189 решенија за прераспоредување на службеници. Станува збор за 98 решенија за хоризонтално распоредување на службеници во министерството, 68 решенија за унапредување со финансиски импликации врз Буџетот на министерството а 23 решенија за распоредување на службениците во министерството со намалување на платата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG