Линкови за пристапност

Отпорноста на антибиотици се шири со „растечка стапка“


Научниците се изненадени од новите студии кои покажуваат брза мутација и развивање на отпорноста на антибиотиците од животни на луѓе

Научниците се шокирани од брзината со која отпорноста кон моќните антибиотици се шири од животните на луѓето, бидејќи новото истражување покажа како генетските мутации во патогените микроорганизми најверојатно се шират од свињарска фарма во Кина.

Антибиотикот Колистин е познат како лек наречен „последното средство“, кој се користи за спасување на животот на луѓето кога сите други лекови не успеале.

Водечкиот истражувач, професорот Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели дека станува важна последната линија на одбрана, откако другите антибиотици ќе станат помалку ефикасни.

Сега, дури и Колистин ја губи својата моќ против т.н. „супербактерија“.


Брза мутација

Смртоносните патогени како Ешерихија коли или салмонелата можат да мутираат и да развијат отпорност на антибиотици. Истражувањето на „Балокс“ ја идентификува брзината со која мутираниот ген кој е отпорен на Колистин се појавил во средината на 2000-та.

„Тоа беше единствено спојување, и тоа се случи само еднаш. И најверојатно од свињи, во Кина, и се шири екстремно брзо низ целиот свет, и тоа во сите видови на различни видови, и влијае на луѓето. Па сега го наоѓаме во најважните патогени со кои се соочуваме во болниците. И, тоа е апсолутно насекаде“, изјави Балокс за Гласот на Америка.

Отпорот е пронајден дури и кај патогените во морската вода на бразилските плажи. Балокс ја забележува неговата студија фокусирана само на еден отпорен ген, но многу патогени развиваат други форми на отпорност.

Главниот британски медицински офицер неодамна предупреди дека антимикробната отпорност може да доведе до „крајот на модерната медицина“.

„Размислете за оние вообичаени операции, царски рез, замена на колковите. Тие би станале многу поризични доколку немавме ефикасни антибиотици. Супербактериите убиваат и тие се во пораст“, изјави професорот Сали Дејвис на делегатите на октомвриската конференција за антимикробната отпорност во Германија.

Научниците работат на „поттикнување“ на постоечките лекови како Колистин за да им се даде дополнителна моќ против отпорните патогени.

Подолгорочно, истражувачите велат дека се потребни повеќе инвестиции во развојот на нови лекови, заедно со преиспитување на начинот на кој антибиотиците се користат во земјоделството и во клиниките.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG