Линкови за пристапност

Анета Павлоска, првата македонска судијка на светските тениски турнири


Анета Павлоска: Со судење започнав сосема случајно, иако тенисот е во мојот живот од кога знам за себеси
Анета Павлоска: Со судење започнав сосема случајно, иако тенисот е во мојот живот од кога знам за себеси

Финалето на Ролан Гарос минатата година беше историско не само за Новак Ѓоковиќ, туку тоа беше трофеј и за мене, за сè она што претходеше изминатите години, вели судијката Павлоска во разговор за Гласот на Америка

Со судење започнав сосема случајно, иако тенисот е во мојот живот од кога знам за себеси. Во 2008 година, Македонија беше домаќин на натпреварите од Дејвис купот и така јас, татко ми и брат ми бевме поканети од македонска тениска федерација да го поминеме основниот курс во Скопје и да бидеме дел од турнирот, раскажува Анета Павлоска.

Анета Павлоска, судијка на врвни тениски турнири низ светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:05 0:00

Од еден случаен повик до Ролан Гарос и Вимболдон, Олимписките игри во Токио. Денес битолчанката, Анета Павлоска, како судијка е дел од најпрестижните тениски турнири на планетата земја и очи во очи со најголемите тениски ѕвезди.

Почнав да барам начини и почнав да се замислувам на терените на грен-слем турнирите. Па еве ме сега.

„Кога заминав во 2010 година, после дипломирање во Америка, имав шанса да гледам на Ју-Ес Опен, полуфинални натпревари. Толку бев понесена од целата атмосфера таму што одлучив дека ќе почнам да судам. Штом се вратив во Македонија се ангажирав, почнав да барам начини и почнав да се замислувам на терените на грен-слем турнирите. Па еве ме сега“, раскажува Павлоска.

После седум години учење и градење, во 2017 година прв пат добива можноста да суди на Ролан Гарос, а во 2019 година, била одбрана да го суди нејзиното прво женско финале токму таму. Анета минатата година ги судеше и полуфиналните натпревари на Вимблдон и финалето на Ролан Гарос во машка конкуренција.

„Тоа не беше само историско за Новак Ѓоковиќ, тоа беше еден вид трофеј за мене, за сè она што претходеше изминатите години. Со оглед на тоа дека на еден Грен-слем турнир аплицираат околу 800 кандидати од цел свет, а само 300 се избрани да судат, а на крај остануваат само 20 и имаат привилегија да работат на финалето, тоа доволно зборува што значи едно финале, посебно за мене која доаѓам од земја, која не е позната на тениската карта“.

Без добар вид, концентрација, подготвеност на динамиката на животот кој доаѓа со многубројните патувања не се може.

Ја прашавме Анета, што значи за неа да се биде првата Македонка, судијка на најголемите тениски турнири.

Судењe на големи натпревари вели дека значи не само дисциплина, упорност, напорна работа туку и привилегија, која малкумина ја добиле.

„Ме прави горда и среќна, меѓутоа ме прави и многу благодарна. Јас долго време не зборував за мојата кариера, но сфатив дека грешам и дека е важно да ја споделам мојата приказна како позитивен пример за младите генерации, кој покажува дека не е битно од каде доаѓаме, туку дека е побитно каде одиме и што сакаме да постигнеме во животот“.

За да се биде тениски судија, покрај основниот курс што треба да се помине, добро е да се има и некое претходно познавање.

„Исто така без добар вид, концентрација, подготвеност на динамиката на животот кој доаѓа со многубројните патувања не се може“, вели Анета.

Оваа успешна девојка, досега судела во повеќе од 50 држави низ целиот свет на турнири во сите категории. Но, посебно ги издвојува параолимписките игри во Рио, кои и го промениле животот во позитивна смисла.

Минатата година ја заврши со турнирите од австралиската серија на Австралија опен, а годинава ја почна со судење на Јунајтед куп, а се подготвува и за Олимписките игри оваа година во Франција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG