Линкови за пристапност

Американски интереси или принципи: Бајден и Трамп кршат копја за имиграцијата во САД


Префрлања меѓу Бајден и Трамп за илегалната имиграција
Префрлања меѓу Бајден и Трамп за илегалната имиграција

Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп, ја продолжи кампањата. На митинзите во западниот дел на САД, тој се фокусира на имиграцијата и се закани дека ќе ги санкционира земјите, вклучително и Кина, доколку не ги спречат луѓето да заминуваат за САД. Известува Скот Стернс.

Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп, ја продолжи кампањата. На митинзите во западниот дел на САД, тој се фокусира на имиграцијата и се закани дека ќе ги санкционира земјите, вклучително и Кина, доколку не ги спречат луѓето да заминуваат за САД. Известува Скот Стернс.

Доналд Трамп се врати на претседателската кампања во Аризона, каде рече дека претседателот Џо Бајден ја изгубил контролата на американско-мексиканската граница.

Префрлања меѓу Бајден и Трамп за илегалната имиграција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

„Тоа е неодржливо. Но, инвазијата на Бајден не е случајна. Таа е намерно уривање на нашиот суверенитет и на нашите граници. Некако, некој, ќе ни објасни зошто би сакале ова да се случи. Претпоставувам дека веројатно се гласови“, рече Трамп.

Инвазијата на Бајден не е случајна. Таа е намерно уривање на нашиот суверенитет и на нашите граници
Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД

Нема докази дека лица што не се граѓани на САД гласаат во значителен број на изборите во САД. Трамп беше прашан како ќе ја запре илегалната миграција и рече дека ќе дејствува против странските влади кои ја потхрануваат.

„Ако Кина или некоја друга земја се однесува лошо, имаме тарифи кои се многу тешки“, додаде Трамп.

Администрацијата на Бајден овој месец ги блокираше барањата за азил на границата со Мексико, кога апсењата за илегални преминувања надминуваат 2.500 дневно.

Бајден вели дека неопходната имиграциска реформа не мора да дојде со провокативни забелешки што Трамп ги упатува кон мигрантите.

„Додека се бориме за сеопфатна имиграциска реформа, тој ги нарекува имигрантите силувачи и убијци. Тој вели дека тие не се луѓе. Тие не се луѓе. Тој вели дека имигрантите, цитат, ја „трујат крвта на нашата земја“. Луѓе, мојот претходник сака земја само за некои од нас. Ние сакаме земја за сите нас“, истакна Бајден.

Мојот претходник сака земја само за некои од нас. Ние сакаме земја за сите нас
Џо Бајден, актуелен претседател на САД

Бајден вели дека антиимигрантската реторика на Трамп не е во согласност со фундаменталните американски принципи.

„Вие сте сликата дека ние сме нација на имигранти, нација на луѓе што имаат сон, нација на слободата. И тоа е Америка што ја делиме“, додава Бајден.

Митинзите на Трамп беа негови први откако беше осуден за фалсификување деловни досиеја за да ги скрие тајните исплати што ги направил пред изборите во 2016 година.

Тој на собир во Невада изјави дека неговото судење е резултат на тоа што Бајден го злоупотребува судскиот систем, додека, истовремено, не успева на границата.

„Ова е најлошата граница во историјата на светот. Ниту една земја од третиот свет нема таква граница. И ниту една земја од третиот свет нема оружје против политички кандидати како ние“, рече Трамп.

Анкетата на Асошиетед прес во март покажа промена на ставовите на гласачите за имиграцијата, при што скоро една третина од Американците сега велат дека има голем ризик имигрантите да извршат злосторства. Тоа е повеќе од 19 проценти во споредба со мислењето во 2017 година.

XS
SM
MD
LG