Сепак, аналитичарите велат дека наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус може да го промени овој тренд.
Изгледа дека темпото на економско закрепнување забави откако почна да се зголемува бројот на случаи во јуни“ изјави Џером Пауел, шеф на Федералните резерви.
Зголемената потрошувачка беше поттикната од отворањето на економијата, федералната парична поддршка и парите исплатени како поддршка за невработените, се наведува во извештајот.
Но, во САД пандемијата се влошува, бројот на потврдени случаи надмина 4.5 милиони, па многу делови од земјата кои почнаа со отворање во јуни сега ваквите планови ги ставаат на пауза.
Федералниот округ Колумбија и Порто Рико, како и 25 сојузни држави пријавија зголемен број на нови случаи во изминативе две недели, пишува Њујорк Тајмс.
Во меѓувреме владините чекови за поддршка во најголем дел веќе се потрошени, а федералните пари за невработените кои предвидуваа по 600 долари неделно запираат денеска.
Личните приходи пораснаа за 12.1% во април, во најголем дел поттикнати од федералната помош. Но, но мај паднаа за 4.4% а во јуни за 1.1%. Ова го пишува во извештајот на Одделот за трговија.
Овој извештај доаѓа само еден ден откако беше соопштено дека американската економија се намалила за 32.9% во периодот од април до јуни.
Ова е најлош квартален пат откако се води ваква статистика во 1947-та година и три пати полош од најлошиот досега кој бил во 1958-та година.
Овој пад на економската активност беше предизвикан од намалената потрошувачка која сочинува 70% од стопанството.