Линкови за пристапност

Се` повеќе Американки стануваат мајки подоцна во животот


Се наведува во најновата студија на Истражувачкиот центар Пју

Американските жени имаат деца подоцна во животот, од кога и да било порано, но исто така имаат и повеќе деца, споредено со пред 10 години.

Во 2006-та, деца имале 80 проценти од жените на возраст од 40-44 години. Десет години подоцна, оваа бројка се искачила на 86 отсто, објави Центарот за истражување Пју.

Според овој центар, просечната возраст една американска жена да стане мајка, е 26 години, а во 1994-та, оваа бројка била 23. Една од причините е што помалку девојки на тинејџерска возраст имаат деца. Таканаречената „Голема рецесија“, исто така придонесе жените да се решат да станат мајки подоцна во животот, се додава во истражувањето, а како фактори се споменуваат и повеќе жени ангажирани на работни места и подоцнежно стапување во брак.

Воедно, се чини дека предвид се зема и нивото на образование за жените над 40-та година, при одредувањето на бројот на децата кои би ги имале.

Пју открил и дека колку е повисоко нивото на образование, толку е поголема веројатноста постарите жени да станат мајки. Најголем пораст е забележан кај жени со докторати. Во 1994 година, 65 отсто станале мајки. Оваа бројка се искачила на 80 отсто во 2014 година.

Жените, исто така сè повеќе имаат деца, а всушност не се во брак. Во 1994-та година, 31 процент од постарите жени кои никогаш не се омажиле, имале барем едно дете. Во 2014-та таа бројка изнесуваше 55 проценти. Според Пју, 88 проценти од постарите мажени жени имале барем едно дете во 1994-та година, а во 2014-та, бројот достигнал до 90 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG