Линкови за пристапност

Кој ќе добие Алцхајмерова болест?

Кој ќе добие Алцхајмерова болест?
Кој ќе добие Алцхајмерова болест?

Со ПЕТ скен и обичен тест за помнење може да се предвиди развојот на болеста

Еден од најтешките проблеми на полето на истражување на Алцхајмеровата болест, според стручњаците, е способноста рано да се предвиди кој ќе се разболи од невродегенеративната болест на мозокот што може да се развива во тек на неколку децении. Таа обично почнува кај постари возрасни со умерена заборавност – симптом што исто така може да биде функција на нормално стареење.

Но истражувачите на Универзитетот Беркли во Калифорнија, со употреба на технологија на имиџи наречена Positron Emission Tomography, или кусо ПЕТ, како и обичен тест на меморија, најдоа дека учесниците кои добиле слба оценка на тест за меморија и имиџ на ПЕТ што покажал активирање во одредени мозочни региони, биле 12 пати поверојатни кандидати за развивање Алцхајмерова болест.
Двегодишната студија, изведена од Сузан Лендо и нејзините колеги, инволвирала 85 пациенти за кои постоело сомневање дека имаат Алцхајмерова болест. Дваесет и осум од нив навистина ја добиле болеста.
Мајкл Вајнер е професор по медицина,радиологија, психијатрија и неврологија на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско. Доктор Вајнер вели дека правење имиџи со ПЕТ открива метаболички нерегуларности во мозокот поврзани со Алцхајмеровата болест и потенцијално претставува моќно дијагностичко средство.

„Доктор Ландо и нејзините колеги изработија убава студија што покажува предвидувачка вредност на овие техники. Така, тоа е уште еден чекор напред во откривањето на Алцхајмеровата болест во рана фаза, пред да се развие деменција“, вели доктор Вајнер.

За Алцхајмеровата болест нема лек. Лековите само ги третираат симптомите на болеста, како што е заборавноста.

Лекарите и истражувачите се загрижени зашто овие лекови може да се користат и за лица кои едноставно се заборавни, но немаат Алцхајмерова болест. Подобрената дијагностика со технологија како ПЕТ може да обезбеди коректна употреба на лековите.
„Долгорочна предност е што ќе имаме лекови кои навистина ќе ја забават болеста, а со исправна техника ќе обезбедиме рана дијагноза“, вели докрот Вајнер.

Критичарите велат дека оваа техника е скапа и дека не е практична стандардна грижа за повеќето луѓе за кои постои сомневање дека ја имаат болеста.

Но Мајкл Вајнер не се согласува и вели дека ПЕТ скенерите се вообичаена работа за откривање рак, така што нивната употреба и за оваа намена е само – употреба на постоечка технологија.

Деталите за студијата за рано дијагностицирање на Алцхајмеровата болест може да ги најдете во списанието Неврологија.

ден од најтешките проблеми на полето на истражување на Алцхајмеровата болест, според стручњаците, е способноста рано да се предвиди кој ќе се разболи од невродегенеративната болест на мозокот што може да се развива во тек на неколку децении. Таа обично почнува кај постари возрасни со умерена заборавност – симптом што исто така може да биде функција на нормално стареење.

XS
SM
MD
LG