СКОПЈЕ —
Неделава ќе почнат да работат два мобилни апарати за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух, со што за првпат ќе се докажува поврзаноста на загадениот воздух и загадувачот. Апаратите ќе бидат поставувани на таканаречените „критични“ точки во Скопје и во другите градови, каде изминативе шест дена концентрацијата на штетни материи во воздухот е над дозволените граници, дури и до 18 пати.
Тие воедно треба да стават крај на обвинувањата кој стои зад загадувањето, кое, за жал, се повторува секоја година и во се` поалармантни размери, и поради што Скопје со денови е обвиткано во магла и смог.
„Загадувањето на воздухот доаѓа од сообраќајот, домаќинствата и градежништвото, а не од големите индустриски капацитети“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, отворајќи ја дводневната ТАИЕХ работилница, посветена токму на квалитетот на воздух.
„Поголемите загадувачи во кои се сомневавме дека го влошуваат квалитетот на амбиентниот воздух, како Макстил, Скопски легури и други капацитети во кругот на Железара, не работат од 28-ми ноември. Другите големи капацитети во овој регион ги исполнуваат еколошките стандарди. Клиничкиот центар се грее со гас, како и некои други капацитети кои досега користеа мазут сега се греат на гас“, објасни тој.
Вината за лошиот квалитет на воздухот, тој ја лоцира кај тнр. помали капацитети, кои се во надлежност на општините, но и кај граѓаните, до кои апелираше да користат поквалитетно гориво за греење и да не ги користат возилата.
„Ако загадувањето доаѓа од сообраќајот, треба да бидеме свесни дека возилата треба да ги користиме што е можно помалку во овој период, да користиме јавен превоз. Ако е од грејната сезона, поквалитетни грејни енергенси, да не користиме нафта и мазут, бидејќи имаат штетно влијание врз амбиентниот воздух“, рече Адеми.
Доколку квалитетот на воздухот не се подобри во текот на 10 последователни дена, тој најави дека ќе се преземат конкретни чекори. Но, ако се суди според временските прилики, тие следните најмалку седум дена не одат во прилог на прочистување на воздухот. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека отсуството на ветер, снег и дожд е еден од факторите кои влијаат на квалитетот на воздухот и оти ваква состојба имало и порано, во 1993-та и во 2002-ра. Метеоролошките услови во Скопје до крајот на неделата ќе останат неповолни за да имаат влијание врз подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
„Надвор е ужасно, како во гасна комора. Не смее прозорец да се отвори. Чадот е навлезен во влезовите на зградите. Излегов здрава да пазарам, после два часа надвор ме здоболе глава. Итно да се затворат сите фабрики, здравјето е поважно од нечии пари“. Ова се дел од пораките што граѓаните ги разменуваат деновиве во секојдневните разговори и на социјалните мрежи, проследени со фотографии на Скопје завиено во смог и индустриски оџаци од кои се креваат облаци од чад. Околу 2.000 граѓани досега се потпишаа на Интернет-петицијата до Премиерот, против загадувањето во скопските населби Аеродром и Гази Баба. Тие бараат надлежните без одолговлекување да преземат итна акција и да не дозволат главниот град да стане втор Велес според загадувањето.
Рекордот во загаденост зимава во скопскиот регион го достигна населбата Лисиче, каде пред неколку дена часовната концентрација на честичките со дијаметар помал од 10 микрометри достигна до 900 микрограми на кубен метар воздух, а среднодневната концентрација во саботата на оваа мерна станица изнесуваше фрапантни 494 мцг/м3. Колку за споредба, за заштита на човековото здравје таа не смее да надмине 50. Утрово во 6 часот во Скопје, во зависност од оптините, беа измерени од 90 до 180 микрограми на метар квадратен.
Загадувањето на воздухот во Скопје ќе биде една од точките на утрешната владина седница. Се очекува да бидат донесени интервентни краткорочни мерки кои ќе ги предложи Министерството за животна средина.