Линкови за пристапност

Актерката Лори доби два месеца затвор за сканадлот за прием на ќерките на престижен универзитет


Нејзиниот сопруг доби пет месеци затворска казна, откако двајцата признаа вина дека биле дел од најголемиот скандал во историјата на американскиот образовен систем

Холивудската актерка Лори Лахлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џанули, се согласија да признаат вина за учество во најголемиот криминален скандал во американскиот образовен систем.

Тие се обвинети за дел од криминална шема за прием на нивните ќерки на престижен универзитет.

Согласно Одделот за правда на САД, Лахлин се согласила на два месеца затвор, 150.000 долари парична казна, како и две години да биде под надзор, со обврска да заврши 100 часа општествено корисна работа.

Договорот на Џанули вклучува пет месеци затвор, 250.000 долари парична казна, како и две години да биде под надзор, со обврска да заврши 250 часа општествено корисна работа.

Лахлин и нејзиниот сопруг платиле 500.000 долари за двете ќерки да се запишат на факултет, како дел од шемата на богати родители, кои преку консултантска фирма плаќале мито за да ги запишат децата на најелитните универзитети САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG