Линкови за пристапност

Претседателот Буш повика на обнова на сојузништвото со Европа - 2005-02-21


Тој се осврна на минатите разликите со некои европски земји во врска со војната во Ирак, но затоа истакна дека „нема сила на светот која сега или во иднина би го раскинала цврстото трансатлантско пријателство“.

Како проритетни цели американскиот претседател ги наведе помошта Израел и Палестинците да постигнат трајно мировно решение, и поддршка за, како што рече, најновата демократија во светот – Ирак. Во врска со Иран, како и многупати досега, тој децидно побара земјата да прекине да го поддржува тероризмот и да запре со програмата за развивање на нуклерано оружје.

Осврнувајќи се на најновата напнатост на Блискиот Исток по убиството на поранешниот либански премиер Харири, Џорџ Буш рече дека Сирија морада запре со окупацијата на Либан. Воочи претстојниот состанок со рускиот претседател Путин, тој ја повика Русија повторно да се фокусира на демократијата и владеењето на правото.

Турнејата по Европа започна утрово со средбите со белгискиот крал Алберт Втори и британскиот премиер Верховстад. За вечер е планирана средба со еден од најголемите противници на воената интервенција во Ирак – францускиот претседател Жак Ширак. Утре, пак, американскиот претседател има средби со британскиот премиер Тони Блер и украинскиот претседател Јушченко, а ќе учествува и на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Брисел, според нашиот дописник, е во вонредна состојба, бидејќи првпат во историјата градот е гостин на 31 претседателска делегација. Што се однесува до протестите – властите одобрија одржување на четири за време на посетата - сите под будна контрола на засиленото обезбедување.

XS
SM
MD
LG