Линкови за пристапност

Државниот секретар во оставка Колин Пауел се прости од вработените и персоналот во Стејт департментот  - 2005-01-19


Господинот Пауел беше и останува една од најпопуларните фигури во американската политика. Тој доби долги овации од вработените во Стејт департментот за време на поздравната порака.

Мандатот на државниот секретар во оставка уследи по 35 годишна кариера во армијата.

Триесетте илјади Американци и лица со државјанство на други земји кои работат во Стејт департментот господинот Пауел ги нарече „пешадија“ во напорите во областа на светската надворешна политика.

Тој кажа има многу нешто заради кое можат да бидат задоволни, вклучувајќи го и одговорот на предизвикот што го донесоа терористичките напади во САД.

„Како одговоривме на заканата на цивилизацијата, колку бевме успешни во отстранувањето на двата најдеспотски режими во светот – во Кабул и Багдад... Иако задачата е тешка, ќе видиме како двете држави, Авганистан и Ирак, имаат слобода и демократија, што нивните народи сосема ја заслужуваат. А тоа ќе се случи. Вие имате голем удел во тоа.“

Господинот Пауел оцени дека разликите со Москва околу одбраната за време на првиот мандат на Буш се надминати и оти сега релациите меѓу САД и Русија се базирани на нова стратешка основа.

Тој го спомена судирот меѓу американскиот разузнавачки авион и кинескиот борбен авион во април 2001-ва, што можеше да ги замрзне кинеско-американските односи.

Но, тоа не се случи благодарение на смирена дипломатија и слушање на другата страна, така што американските врски со Пекинг се подобри од кога и да било.

Тој меѓу другото ги истакна и успешните дипломатски напори за запирање на граѓанските судири во Хаити и Либерија, како и дипломатијата која помогна да се постигне договор во Кенија на почеток од месецот, каде самиот присуствуваше, со што се стави крај на долгогодишната граѓанска војна во Судан.

Господинот Пауел посебно се сретна и со високи членови од неговиот кабинет, и направи серија телефонски разговори со своите колеги од другата страна на Атлантикот, вклучувајќи ги министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Русија.

Пауел ќе присуствува на церемонијата на втората инаугурација на претседателот Буш. Официјално ќе ја напушти канцеларијата подоцна во денот, откако Сенатот целосно ќе ја потврди номинацијата на неговата наследничка, госпоѓица Рајс. Таа со заклетвата на функцијата ќе стане 66-ти американски државен секретар.

XS
SM
MD
LG