Линкови за пристапност

Експертска дебата за новиот закон за оружје - 2005-01-18


Оваа прва средба успеа да помогне за пеглање на дел од разликите, но останаа двете главни- рокот на важност на дозволата за поседување оружје и пререгистрацијата, што се предлага да трае една и пол година. Досегашните доживотни дозволи, во новиот закон се предлага тие да бидат петгодишни, а невладините организации на крајот предложија компромис-10 годишна важност.

Вообичаена пракса во сите држави е дека граѓаните прво добиваат довола за поседување, таа е основна дозвола, дозвола за иднетификација и на сопственикот и на оружјето. Таа дозвола трае без никакво ограничување, рече Владимир Пандевски од Националната асоцијација за оружје.

Според проценките, и после две акции за разоружување од 2001 година, во Македонија има околу 160.000 парчиња легално оружје, додека бројот на нелегалното никој не се обидува да го погодува. Од почетокот на годинава, во Македонија се случија десетина инциденти, и во најголем дел од нив е употребено огнено оружје, главно без дозвола за поседување. Минатата година се случиле 55 убиства, при што најмногу се користени пиштоли, ловечки пушки и автомати. Токму ова е причината, според предлагачите, поради која се инсистира на нов, порестриктивен закон за оружје. Една од новните е полагање испит пред соодветна комисија, од што ќе зависи дали некој ќе добие дозвола за поседување оружје. Забрането ќе биде поседување автоматско оружје, оружје со снајпер и придушувач, забранети се и тнр. дум-дум куршуми и муницијата поголема од 12,7 милиметри. Дозволата за поседување оружје, не значи оти тоа оружје може да се носи на јавни места, а казната за недозволено носење оружје е од 1 до 10 години затвор.

Денеска или утре се очекува Собраниската комисија за одбрана и безбедност уште еднаш да го разгледа предлог законот, пред тој да се најде пред пратениците на седницата закажана за 24 овој месец.

XS
SM
MD
LG