Природна катастрофа во Југоисточна Азија
Хуманитарните екипи ширум Азија и натаму трагаат по преживеани, а во меѓувреме расте бројот на загинати по налетот на брановите цунами како резултат на силниот земјотерес со епицентар во Индонезија.
Брановите на Индискиот океан носеа безброј крајбрежни села, уништувајќи домови, патишта и цели згради.
Властите во Азија велат дека бројот на според проценките, околу 20-те илјади жртви во оваа катасрофа, се очекува да расте, бидејќи илјадници лица се уште се водат како исчезнати. Здравствените работници стравуваат и од појава на болести како колера.
И натаму пристигнува меѓународната помош во најмногу погодените земји, како Шри Ланка, Тајланд, Индија, Малдиви и Индонезија.
Во Индонезија се проценува дека загинале околу 5.000 лица, а во Шри Ланка околу 11.000. Во Индија оваа бројка изнесува околу 6.000 жртви, а во Тајланд преку 800. За загинати се јавува и во Малезија, Малдиви, Бурма, Бангладеш и Сомалија.
САД-Помош за погодените земји
САД ветија помош за земјите од Југоисточна Азија и Африка погодени од вчерашниот налет на цунами брановите, како последица на земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала со епицентар во близина на индонезискиот остров Суматра.
Според соопштенијата на американските амбасади во Шри Ланка и Индија, САД за секоја земја обезбедиле 100.000 долари итна хуманитарна помош.
Белата куќа вели дека САД се подготвени да понудат соодветна помош на најмногу погодените земји, а претседателот Буш изрази сочуство за жртвите во несреќата.
Властите јавија дека меѓу илјадниците загинати се најмалку тројца американски државјани и тоа двајца во Шри Ланка и едно лице во Тајланд.
Ирак
Ирачките власти соопштија дека најмалку 13 лица загинале во напад со автомобил-бомба во Багдад, чија цел била водачот на шиитската политичка партија. Полицијата вели дека лидерот на Врховниот совет за исламската револуција во Ирак, Абдул Азиз Ал Хаким го избегнал нападот, но дека во него биле повредени преку 50 лица, а уништени биле и десетина околни автомобили.
Во меѓувреме, водечката група на Суните муслимани, Ирачката исламска партија, соопшти дека се повлекува од националните избори закажани за 30 јануари. Нејзиниот лидер, Мохсен Абдел Хамид како причина за одлуката ја наведе безбедносната ситуација во земјата.
Ирачката влада ги одби повиците на некои групи на Суните за одложување на гласањето за шест месеци.
Украина-Избори
Претставници на Изборната комисија во Украина соопштија дека кандидатот на опозицијата Виктор Јушченко бележи убедливо водство во повторувањето на вториот круг претседателски избори пред ривалот Виктор Јанукович. Со 98 проценти преброени гласови, Јушченко има 52 проценти, а неговиот противник, 44.
Г-динот Јушченко изјави дека Украина била независна 14 години, но се досега, не била слободна. Јанукович се уште официјално не го признал поразот.
Не се соопштени неправилности, за време на гласањето, кое го следеа 120.000 меѓународни набљудувачи. Г-динот Јушченко, економист по професија и експерт во монетраната политика, вели дека ќе спроведе реформи во Украина за да ја приближи до западот. Тој вети и отварање на нови работни места и искоренување на корупцијата. Јушченко нагласи дека ќе работи на одржување стабилни односи со Русија.
Израел-Палестинци
Израел ослободи 159 палестински затвореници како гест за новото палестинско раководство.
Притворените беа ослободени од два израелски затвора и со автобуси беа пренесени на неколку гранични премини со Западниот Брег и Појасот Газа.
Привремениот палестински лидер Махмуд Абаз го поздрави чекорот, но и повика на, како што кажа, спроведување на сериозен процес на ослободување на илјадниците палестински затвореници. Израел во притвор држи околу 7.000 Палестинци.
Чекорот е дел од договорот постигнат месецов во Египет, со кој се гарантирало ослободување на Израелецот Азам Азам кој се наоѓал во притвот во Египет под обвиненија за шпионажа. Израел порекнува дека ова лице било шпион.