Линкови за пристапност

Референдумот во Македонија: напред кон ЕУ и НАТО или враќање кон минатото - 2004-10-14


Граѓаните ќе гласаат за воведените промени во законот за територијална организација, со што им се дава поголема власт на малцинствата особено на 25-процентното албанско население.

Со акт донесен од македонскиот парламент во август бројот на општините е намален од 124 на 84. Одлуката да се децентрализира владата е клучниот елемент на Рамковниот договор.

Додека сите поголеми партии во Македонија го потпишаа овој договор, тој и натаму не е популарен меѓу некои националисти во земјата, кои всушност стојат зад идејата за референдум, а на кој се противат не само владата, туку и ЕУ и САД.

Додека трае кампањата за референдумот, американскиот секретар за одбрана кој деновиве беше во посета на Македонија, истакна дека отфрлањето на децентрализацијата ќе ги намали шансите на земјата за членство во НАТО. ЕУ исто така вели дека позитивното гласање на овој референдум ќе го отежни процесот на влез на Македонија во европското семејство.

Владеачките партии ги повикуваат граѓаните да не излезат на гласање.

Ѓорѓи Иванов е професор по политички науки и раководител со Институтот за демократија и граѓанско општество во Скопје. Тој на референдумот гледа како на протест против се повеќе непопуларната Влада.

Луѓето не го разбираат референдумското прашање, но мнозинството од граѓаните се незадоволни од актуелната Влада и тие сакаат да ја испратат својата порака.

Едно неодамнешно истражување на овој Институт, покажува дека 62 процента од испитаниците се изјасниле оти ќе излезат на гласање, додека 51 процент велат дека успешен референдум нема да ги загрози шансите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Присутна е доза на огорченост за категоричните ставови на САД и ЕУ, кои за референдумот се изјаснија дека претставува избор меѓу минатото и иднината. Многумина аналитичари предвидуваат дека гласањето ќе биде неуспешно, но дека во престојните три недели, може многу да се промени.

XS
SM
MD
LG