Линкови за пристапност

Глобална борба против СИДА-та - 2004-07-14


Околу 15 илјади делегати од 160 држави во Банкок учествуваат на 15-та конференција за СИДА. Според медицинските експерти, речиси 40 милиони луѓе во светот се или заразени со ХИВ-вирусот што ја предизвикува болеста или се болни од СИДА.

Во 2003-та, околу три милиони луѓе умреа од СИДА. Истата година, се заразиле околу пет милиони лица. Заради оваа болест се проценува дека 15 милиони деца останале сирачиња, додека бројот на излекувани е нула.

Претседателот Јовери Мусевени од Уганда е еден од оние кои предводеа во борбата против предрасудите, негирањето и погрешните информации за СИДА-та. Во Уганда, граѓаните прават нешто што многумина мислат дека е невозможно – го менуваат однесувањето што е причина за ширење на болеста. Стапката на инфекција со СИДА во Уганда е намалена за приближно две третини во период од 10 години, што е ретка успешна приказна. Американската превентивна стратегија против ХИВ и СИДА е заснована делумно на успешниот пристап на Уганда.

Државниот секретар Колин Пауел вели дека САД намениле над 860 милиони долари за превенција, грижа и третман во 15 држави во светот што се најмногу погодени.

„Ние вршиме голем дел од работите, САД го прават тоа. Остатокот од светот исто така треба да се вклучи. Ова е болест што може да се контролира...Сеедно дали со образување на младите, со превенција, апстиненција, анти-ретровирални лекови и со намалување на цените, а притоа да се бара лек, а не да се етикетираат луѓето кои боледуваат од оваа болест – сево ова е во рамките на сеопфатниот пристап“, вели тој.

СИДА-та и ХИВ вирусот може да бидат совладани, вели претседателот Џорџ Буш. САД се залагаат да продолжат да го водат светот кон ставање крај на оваа епидемија.

XS
SM
MD
LG