Линкови за пристапност

Ирак мора да ги оспособи нафтените капацитети од кои зависи домашната и светската економија - 2004-07-09


Иднината на Ирак во голем дел зависи од огромните количества на нафта во земјата, но долгите години на војни, негрижа и санккции, негативно се одразија на индустријата и драматично го намалија производството. Еве некои од ставовите како да се заживее оваа операција која не само што е од суштинско значење за Ирак туку и за светот кој зависи од нафтата, како никогаш порано.

Не е спорно прашањето за нафтениот потенцијал на Ирак, вели Франк Верастро, виш аналитичар од Центар за стратешки и меѓународни студии од Вашингтон.

„Ирачките нафтени резерви се втори во светотт, веднаш по Саудиска Арабија и веројатно постојат дополнителни 50 до 80 милијарди барели кои можат да се пронајдат, бидејќи постоеше мало или немаше никакво дупчење во последните 25 години. Проблем ќе претставува застарената инфраструктура, враќање на доводот на електрична енергија бидејќи пумпите и цевките работат на струја. Треба да се гарантира и дека ќе се врати безбедноста во земјата, за да може да се инвестира во неа“, вели тој.

Безбедноста е секојдневен проблем со тоа што нафтоводите се омилена цел за вооружените бунтовници, вели Кит Креин, виш економист во корпорацијата Ранд, кој бил советник во колаиционата привремена влада во Ирак. Тоа е начин да се изврши напад и врз Американците.

„Голем проблем е што дефинитивно, Американците од добри сега се лоши. Постои впечаток, особено меѓу младите Ирачани дека да се пука во Американец или да се разнесе нафтовод е патротска работа“, смета г-динот Креин.

Но Ирачаните најмногу страдаат од оваа саботажа, вели Мет Симонс, раководител на Симонс анд Компани, енергетска инвестициона компанија.

„Доколку нема нормален проток на нафтата во Ирак, ќе биде мошне комплицирано да се подобри економијата. Доколку сте вооружен бунтовник и сакате да го срушите секој дел од овој процес, очигледно е она што ќе го правите, ќе продолжите да ги напаѓате нафтените инсталации. Тешко е да се гарантира безбедноста на нафтоводите кога се простираат низ целата земја“,вели г-динот Симонс.

Како резултат на продолжителните напади на и онака оштетената инфраструктура, производството на нафта не почна да се доближува до нивото од пред војната. Ирак дневно произведува нешто повеќе од еден милион барели нафта.

Но нема враќање назад, поправките се можни и трајни, вели економистот Кит Креин. Како таков, Ирак е во поголема опасност во споредба со другите земји кои се соочуваат со вооружени бунтовници. Сепак овие земји покажуваат што може да се стори.

„Повеќе земји, меѓу кои Колумбија, функционираат со постојани поправки на нафтоводите. Тие едноставно се добри во санирањето на дупките на тие нафтоводи. Суровата нафта, доколку е тешка, не се движи брзо, така што доколку забележите капење од цевката и доколку брзо испратите екипа, нема да загубите многу“, вели тој.

Г-динот Крејн вели дека локалните заедници, доколку бидат соодветно мотивирани, можат да ја завршат оваа работа, особено кога Американците ќе се повлечат од сцената.

Господинот Симонс вели дека веќе не може да се каже дека САД ја започнале војната заради нафта, особено откако коалиционата привремена влада се залага Багдад да ја има контролата врз нафтата.

Иако проблемот не треба да се преувеличува, г-динот Креин вели дека не смее да се заборави на значењето на нафтата.

„Она што го откри коалиционата привремена влада е дека нафтените залихи се во многу полоша состојба од очекуваното, а не се очекуваше многу. Како и да е, од сите економски сектори, меѓу кои водата, електричната енергија, нафтата засега е во најдобра форма, бидејќи навистина и дава живот на економијата на Ирак и претставува извор на сите владини приходи“, истакнува г-динот Креин.

Ирачката нафта е од големо значење за светот кој се повеќе има потреба од неа, вели г-динот Верастро од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

„Доколку нема немири во Венецуела, Нигерија или во Саудиска Арабија, светот во моментов може да издржи без ирачката нафта. Но со се помалите залихи на нафтата поради зголемените потреби на Индија, Кина и САД, ќе ни биде потребно производство од секаде. Во одреден период во наредните неколку месеци, дополнително ирачко производство на нафта ќе биде од голема помош во однос на цените на нафтата и набавката“, додава тој.

Она што е добро за Ирак, вели г-динот Верастро, е добро и за целиот свет.

XS
SM
MD
LG