Од 1961 година, кога рускиот космонаут Јуриј Гагрин стана првиот човек кој ја напушти земјата, истражувањето на вселената се наоѓа во надлежност на државата. Но кон крајот на минатиот месец, една приватна група во САД без владина помош успеа да изведе кус вселенски лет во подорбитата. Пилот беше 63 годишниот Мајк Малвил, кој во интервјуто за Гласот на Америка раскажува како ја доживеал мисијата.
Мохаве Калифорнија се наоѓа во пустина, на 150 километри северно до Лос Анѓелес. Во Мохаве се наоѓа компанијата Скелд Композитс. На 21 јуни, во Мохаве, пробниот пилот на Скелд Композитс Мајк Мелвил, полета со вселенското летало наречено „Спејс шип ван“ во историјата. Неговата сторија започнува на 13,8 километри над земјата, каде „Спејс шип ван“ се одвои од матичното летало што го донесе на таа височина. Мајк Мелвил вака ги опишува ненадејните опасности со кои се соочил и борбата за да ја задржи контролата врз леталото.
„Кога се откачив од матичното летало Вајт Најт, го запалив моторот и започнав да го насочувам леталото вертикално. Откако поминав околу 19.000 метри почувствував силен притисок од лево кон десно. Всушност тоа предизвика нагло вртење на леталото кон десно. Потоа излегов од воздушната струја и тоа предизвика занесување кон лево по што успеав повотрно да се вратам во исправена позиција. За малку ќе го прекинев летот, бидејќи во тој момент искрено помислив дека ја изгубив контролата. Но кога видов дека се вратив во исправена позиција, решив да продолжам“, објаснува тој.
Во вакуумот на вселената, секое губење на притисок би предизвикало моментална смрт за присутните во леталото. Астронауоте и космонаутите имаат специјални одела кои го одржуваат нормалниот притисок и штитат од гравитацијата. За разлика од нив, Мајк Мелвил вели дека тој во својот кус вселенски излет пошол во обична пилотска униформа.
„Не носев ниту астронаутско одело, нуту пак одело за притисок. Летав само со пилотско одело. И за време патувањето кон вселената и за време на враќањето назад јас носев такво одело и дури ниту ушите не ми се затнаа. Воопшто не се грижевме дека се можни проблеми со притисокот. Ние самото летало го дизјаниравме да биде како одело за заштита од притисок“, додава тој.
Потоа „Спејс шип ван“ ја достигнало најдалечната точка од неговиот лет, малку над 100 километри. Атмосферата на Земјата била под него, додека ѕвездите сјаеле над него како да е ноќ. За Мајк Мелвил ова било волшебно доживување.
„Возбудата кога го гледаш синото небо како се претвора во црно зашеметува. Небото горе е црно и тоа среде ден. Басенот на Лос Анѓелес изгледа како пласт снег осветлен од сонце. Северно од Лос Анѓелес се темно зелени до речиси црни планини, а светло кремастите и кафени пустински делови кон Лас Вегас ви го одземаат здивот. Сосема јасно можете да ги видите контурите на Земјата, односно дека во телот со сферична форма“, вели г-динот Мелвил.
По неколку минути поминати на крајната точка од неговиот лет, во бестежинскиот простор, леталото на Мајк Мелвил започнало суперсонично нагло враќање кон земјата, кое Мајк Мелвил го доживеал и физички и психички. Тој вели дека ова чувство не може да се спореди ниту со најопасните возења на тобоган во забавните паркови.
Следниот предизвик за Мајк Мелвил бил да воспостави контрола врз леталото додека влегувал во атмосферата, за да може да го управува како авион.
„Едноставно паѓате како камен од околу 62 милји или 100 километри, на 13 милји, пред да воспоставите било каква контрола. На 13 милји одеднаш можев да свртам, да се насочам кон аеродромот во Мохаве и да се приземјам на пистата“, вели тој.
Мајк Мелвил сега се здоби со астронаутски крила, нешто што го поседуваат малкумина цивилни пилоти кои имале шанса да станат астронаути. Спејс шип ван докажа дека со иницијатива и околу 20 милиони долари финансиска поддршка може да се стигне до вселената и назад. Наскоро, Мајк Мелвил и неговото вселенско летало планираат да се натпреваруваат за наградата „Екс Прајз“ вредна 10 милиони долари, што се доделува на екипа која без помош од владата ќе направи два приватни лета во подорбитата во две недели, со тричлен екипаж или еквивалентна тежина на тоа. Тимот на Скелд Композитс вели дека има намера да победи на овој натпревар замислен да ја поттикне приватната иницијатива во вселенските летови.